You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: DW
Фотографија: DW
Balkan Booster
Млади новинари од Балканот во потрага по нераскажани приказни од регионот!
Balkan Booster: „Да не постоеше, ќе требаше да се измисли“
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
#dw_BalkanBooster: Студенти го тужат градот поради дивата депонија
Што да правиш кога купишта отпад ти се пред прагот? Легло на зарази, отровни испарувања, несносна смрдеа... Студентките од Правниот факултет во Драч решија да се борат против дивата депонија пред зградата на универзитетот. Ја тужеа управата на градот и успеаја да ја запрат во палењето на отпадот. Следна цел - наместо депонија, да се направи парк!#dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Огромна дива депонија на крајбрежјето
Драч, најважно албанско пристаниште и прекрасен град... со гигантско диво ѓубриште. Дури и премиерот Еди Рама вети дека на нејзино место ќе има парк. Но веќе од 500 метри одалеченост лесно може да се намириса дека таму нема никаков парк... што впрочем за нашиот #dw_BalkanBooster потврдија и Фјори и Анѓела.
#dw_BalkanBooster: По трагата на балканските ѓубришта
Реки преплавени со пластика , отпад во парковите, диви депонии...тој убав Балкан на многу места личи на големо ѓубриште. Тоа е тема за нашиот #dw_BalkanBooster- двоец оваа недела! Анѓела Ѓурашковиќ од Црна Гора е во посета на Фјора Синорука во Албанија - и тие посебно ќе се осврнат на депонијата во Драч. Следете ги!
#dw_BalkanBooster: Кој ќе плати за штетата? А за здравјето?
Речиси сите жители на Дрмно, селото кое се наоѓа до термоцентралата „Костолац Б“, сакаат да се пресели целото село. Тоа би требало да го плати Електростопанство на Србија, но со години не се случува - ништо. Луѓето живеат во прашина и испарување, куќите им пукаат, а штетата не се надокнадува. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: „Овде нема живот“
Нечистотија, прашина, тежок воздух, бука... Тоа е секојдневие во Дрмно, село до термоцентралата „Костолац Б“. Дел од жителите на селото заминуваат, други се решени да останат - освен ако не биде иселено цело село. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Црниот воздух во Костолац
Костолац, место во сенка на џиновска термоцентрала. Таа му има дадено многу на гратчето, но многу и му зема: се одземаат парцели поради ископи, воздухот е честопати црн. Тоа е темата со која се занимаваат Теодора Ќурчиќ и Албан Хоџа, нашиот #dw_BalkanBooster тандем во Србија.
#dw_BalkanBooster: Благодариме, фалеминдерит!
Не им беше лесно да се најдат, имаа проблем со скопското ту лето, ту есен, а не им беше лесно ни со обезбедувањето на просторот кај Охис - Деница Чадиковска и Ардит Тоца цела недела зборуваа за депониите на отровниот линдан и опасностите за скопјани од овој пестицид. Работата во Скопје им заврши, но овој #dw_BalkanBooster тандем повторно ќе се јави во ноември, овојпат со еколошки теми од Албанија.
Мора да се испита концентрацијата на линдан
Концетрациите на отровниот линдан во почвата во скопската котлина не се познати точно.
#dw_BalkanBooster: Мора да се испита концентрацијата на линдан во почвата и луѓето
Концетрациите на отровниот пестицид линдан во почвата во скопската котлина не се познати точно. Експертите велат дека решението на овој проблем не е едноставно. Нашиот #dw_BalkanBooster тандем - Деница Чадиковска и Ардит Тоца разговараше со Давор Пехчевски од „Еко-свест“.
Најопасната депонија
Линданот е токсична супстанција, забранета во многу земји. Скопје има депонија со линдан која секојдневно загадува.
Најопасната депонија во С. Македонија
Линданот е токсична супстанција, забранета во многу земји. Скопје има депонија со линдан која секојдневно загадува.
Линдан на трпезите
Линданот ја загадува почвата, а со тоа го труе и населението во Скопје. Знаат ли граѓаните што имаат на својата трпеза?
#dw_BalkanBooster: Линдан на трпезите
Во дворот на старата фабрика Охис се закопани илјадници тони токсичен линдан. Децении наназад овој забранет пестицид ја загадува почвата, а со тоа го труе и населението во Скопје. Дали граѓаните знаат што имаат на својата трпеза? Прашањето им го постави нашиот #dw_BalkanBooster тандем - Деница Чадиковска и Ардит Тоца.
#dw_BalkanBooster во Скопје
Во Скопје од денеска почна да работи #dw_BalkanBooster тандемот Denica Chadikovska и Ardit Toca. И, веднаш ставија маски на лицето. Зошто? Ќе дознаете од нивните еко-приказни во наредните неколку денови. Прво запознајте ги нив!
#dw_BalkanBooster: Обединети нуркачи за чистење на Јадранот
Загадувањето на морето не познава граници - но граници не познава ни неговото чистење! Најдобар пример за тоа е приказната на нуркачот од Неум, Анте Џоно. Тој и неговиот нуркачки клуб секоја година го чистат морското дно, а во тие акции, како што тој му раскажа на нашиот #dw_BalkanBooster тим, им помагаат и колеги од Метковиќ, Дубровник, Пелешец, па дури и антитерористичка единица од Загреб.
#dw_BalkanBooster: Колку е чисто морето кај Цавтат?
Хрватска има чисто море. Тоа е мантрата што се повторува, кога земјата се рекламира како туристичка дестинација. Но дали е навистина така? Нашето #dw_BalkanBooster- трио: Ивана, Јелена и Азем, истражи каква е ситуацијата во Цавтат.
#dw_BalkanBooster: Чистење на морското крајбрежје
„Луѓето не треба да го гледаат само своето, туку и туѓото и да помогнат во чистење на целиот свет“, велат младите волонтери од Црна Гора, кои секоја година организираат акции за чистење на јадранското крајбрежје. Нашето #dw_BalkanBooster- трио разговараше со волонтерите од невладината организација „Наша акција“.
#dw_BalkanBooster: Три фантастико во Котор
Што им е заедничко на Цавтат, Неум и Котор? Се разбира, Јадранското море! И потребата да се заштити од загадувања од секаков вид. Ова го спои и нашиот #dw_BalkanBooster троец- Ивана, Јелена и Азем- кои тргнаа во еднонеделна заедничка авантура на јадранскиот брег. Почетокот е во Котор...
#dw_BalkanBooster: Збогум од некогашното пиратско упориште
Нашиот #dw_BalkanBooster- двоец Миљана Дашиќ од Тиват и Тарик Бешлагиќ од Травник ја заврши својата авантура во Улцињ. Известуваа за Соланата за загрозените птици а денеска ја испорачаа нивната последна приказна од Улцињ, град во кој некогаш царувале пиратите и град на кој денес му недостасуваат корпи за отпадоци. Во ноември Миљана и Тарик ќе се јават од Босна и Херцеговина.
#dw_BalkanBooster: Црна Гора е специјалист за истребување птици
Државата Црна Гора мора повеќе да се вклучи во заштита на Солана во Улцињ, доколку се сакаат долгорочни резултати, предупредуваат претставниците на невладините организации во таа земја. Со дел од нив разговараше нашиот #dw_BalkanBooster тандем - Миљана Дашиќ и Тарик Бешлагиќ.
Улцињската Солана повторно шири крилја
Како изгледа просторот на фабриката за сол во Улцињ 4 години по нејзиното затворање? Тоа го истражи #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Стариот сјај на соланата во Улцињ
Познатата улцињска солана одамна е во стечај. Некогаш хранела бројни семејства во овој крај на Црна Гора, но била и извор за живот на ретки видови птици. Без производство на сол, се менува околината и птиците исчезнуваат. Тандемот #dw_BalkanBooster ги праша надлежните што планираат да преземат.
#dw_BalkanBooster: Рај за птици
Првиот тандем од #dw_BalkanBooster го сочинуваат младите новинари Миљана Дашиќ и Тарик Бешлагиќ, кои оваа недела ќе раскажуваат приказни за Солана во Улцињ. Тоа е единственото место во Европа каде што живеат ретки птици, но и место кое е загрозено.
Третиот Balkan Booster посветен на екологијата
На воркшопот во Црна Гора стана јасно: успесите од претходните години го заострија профилот на проектот.
#dw_BalkanBooster: Сакаме уште!
Од Сплит, преку Вишеград, до Скопје и Солун - 14 млади луѓе ги истражуваа идентитетите, копаа по заедничкото минато и научија многу нови работи за себе и другите. Погледнете ја компилацијата од видеата од ДВ-проектот #dw_BalkanBooster 2018. Заклучокот на крајот на патот: „Сакаме уште!“
#dw_BalkanBooster: Крај на втората епизода
Четиринаесет млади од земјите од Балканот ги испитуваа границите на своите предрасуди, истражуваа колку и зошто се сакаат, а колку и зошто се мразат и од сето тоа произлегоа 250 видео-приказни кои во изминатите месеци се објавени на социјалните мрежи на ДВ. Втората епизода на #dw_BalkanBooster заврши со заедничка средба во Сараево.
#dw_BalkanBooster: Посакувам...
Неколку месеци известуваа од различни земји на Балканот, се запознаваа, дружеа, уриваа бариери, расчистуваа со некои предрасуди... Авантурата Balkan Booster за 14 млади новинари од Балканот заврши. За какви искуства се побогати и што посакуваат за себе, своите татковини и регионот?
„Мислам на луѓе кои не нѐ нарекуваат четници“
Јована и Срѓан во рамките на Balkan Booster заедно поминаа по една недела во Осијек и Врање. Еве ги нивните импресии.
#dw_BalkanBooster: Антифашизмот денес
Срѓан Папиќ Ѓуриќ пешачеше од Зрењанин до Белград во знак на протест против обидот за рехабилитација на Милан Недиќ. Пешачеше и 12 дена до Аушвиц за да укаже на тешките проблеми на бегалците од Сирија. Овој човек со своите не многу истомисленици во Зрењанин се поврза во Панонската активистичка организација (ПАОР). Нашиот #dw_BalkanBooster тим го праша - што е денес антифашизам?
#dw_BalkanBooster: Мост на суво
Нашиот #dw_BalkanBooster тандем Леа Котлица и Љупко Мишелиќ во октомври беше во Вишеград, на познатиот мост на Дрина. Сега, неделата во Зрењанин ја започнаа исто така на познат мост, кому единствено што му недостига е - река! Каде ли таа исчезнала и зошто граѓаните сепак го сакаат овој ироничен симбол на својот град?
#dw_BalkanBooster: Поздрав од Тирана
Крај на #dw_BalkanBooster дружењето во Тирана! Јелена Контиќ и Ардит Тоца ве поздравуваат од празничниот панаѓур во главниот град на Албанија:
#dw_BalkanBooster: Градење мостови
Кристина Озимец од Скопје и Алексија Калаиѕи од Солун го сочинуваат македонско-грчкиот тим во рамките на проектот #dw_BalkanBooster на Дојче веле. Тие се занимаваат со прашања кои предизвикуваат проблеми меѓу двете земји. Заедничката работа им донесе нови погледи на нештата и желба за натамошна соработка.
#dw_BalkanBooster: „Нашата работа е заедничка“
Додека Приштина воведува царини, Белград ликува поради „победата“ во Интерпол, додека има кавги со Црна Гора, БиХ или Македонија - во Тирана без проблеми функционира Регионалната конференција за соработка на младите. Таму заедно работат луѓе од сите националности и спроведуваат проекти кои го поврзуваат светот на младите. Нив ги посети нашиот #dw_BalkanBooster тандем.
#dw_BalkanBooster: Зад камерите
Проектот #dw_BalkanBooster завршува за неколку недели. Погледнете како изгледа редакциската работа на проектот.
Четиринаесеттемина љубопитни
Во второто издание на Balkan Booster на терен испраќаме седум тандеми. Еве кој е дел од нив.
#dw_BalkanBooster во Скопје
#dw_BalkanBooster во Скопје
#dw_BalkanBooster: Големиот македонско-грчки предизвик
Истражуваа во Скопје и Солун, разговараа со експерти и граѓани, се обидоа да понудат поинаква, нова перспектива на гледање на проблемот за името и односите меѓу Македонија и Грција. Кристина и Алексија го завршија проектот #dw_BalkanBooster полни со импресии.
#dw_BalkanBooster: Младите сакаат да си заминат од Албанија
79 проценти од младите во Албанија сакат да ја напуштат земјата. Нашиот #dw_BalkanBooster тим во Тирана истражува зошто...
#dw_BalkanBooster: Договорот од Преспа и учебниците
Договорот меѓу Македонија и Грција за името, предвидува и формирање Заеднички комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Комитетот, кој е формиран и ја одржа првата седница, има задача, доколку е неопходно, да изврши ревизија на учебниците. #dw_BalkanBooster тимот, Кристина и Алексија, со оваа тема се занимаваа пред два месеца во Скопје, а сега истражуваат во Солун.
Договорот од Преспа и учебниците
Како експертите во Грција гледаат на проблемот со учебниците по историја? Тоа го истражуваше #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Бункерот на Енвер Хоџа
Албанскиот диктатор Енвер Хоџа сакал ширум земјата да изгради 750.000 бункери. До средината на 1970-те биле изградени 175.000 бункери, кои денес се неуредни, дел од нив и среде Тирана. Но, еден бункер во центарот на Тирана - огромен и граден само за државното раководство во случај на нуклеарен или хемиски напад, има поинаква судбина. Таму сега има музеј, кој го обиколи и нашиот #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Зад камерите
Овогодишниот проект на Дојче веле, Balkan Booster, завршува за неколку недели. Погледнете како работите изгледаат зад сцената, во редакциите во Бон #dw_BalkanBooster
Грците скептични: Северна Македонија само на хартија...
Многу Грци се силно против Договорот од Преспа за името, иако дел од нив никогаш не го прочитале.
#dw_BalkanBooster: „Сте слушнале за некаква Северна Македонија? Јас не! Туку за Македонија, Македонци...“
Дали сте го прочитале Договорот од Преспа и доколку тој помине во двете држави - како ќе ја нарекувате соседната земја, се двете прашања што на граѓаните на Солун им ги постави #dw_BalkanBooster тандемот Кристина и Алексија. Во одговорите на солунци доминира скепса:
#dw_BalkanBooster: „Со години сонувавме за отворени патишта“
#dw_BalkanBooster оваа недела е и во Албанија, каде новинарката од Никшиќ, Јелена Контиќ, му е во посета на колегата од Тирана, Ардит Тоца. Тие, сепак, прво отидоа во Скадар за да го видат езерото и од другата страна и да ги прашаат луѓето што мислат за соседите отспротива.
#dw_BalkanBooster: Солунски приказни
Прашањето на името сѐ уште е контроверзна тема во Македонија и Грција. Нашиот #dw_BalkanBooster тим, македонската новинарка Кристина и нејзината грчка колешка Алексија, деновиве ќе го опипува пулсот на луѓето во Солун околу ова прашање и ќе се обиде да го обработи проблемот од различни агли.
#dw_BalkanBooster: „СНС им дава налози на полицијата и правосудството“
„Белград доби четири милиони евра за китење на градот. Ние, во Шабац, размислуваме во знак на протест да не го китиме градот“, вели во интервју за ДВ, Небојша Зеленовиќ, градоначалник на Шабац, единствениот опозициски град во Србија. Тој тврди дека Српската напредна партија (СНС) ги има „впрегнато“ институциите за да го сменат од функција #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: „Можеби Косово за илјада години пак ќе биде наше“
Колку граѓаните се заинтересирани за преговорите помеѓу Србија и Косово? Од разговорите со жителите на Шабац, кои ги сними нашиот #dw_BalkanBooster тандем, се чини - не многу. Младите главно не следат што се случува, постарите пак сметаат дека сѐ е готово...
#dw_BalkanBooster: Шабац - тоа е ракомет, тоа е Металопластика
Што би можело едно момче од Шабац да му покаже на млад дојденец од Урошевац во својот град? Се разбира, трофејната соба на ракометниот клуб Металопластика. Посебно заради тоа што овој клуб во своите златни години имаше и дуели со Борец од Урошевац. Нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Филип и Дрилон, разговараше со една од легендите на градот.
#dw_BalkanBooster: „Видов четири фудбалски терени за пет минути“
Шабац, град на Сава, познат како мал Париз или српски Верден поради сосема различни причини. Но Дрилон Малоку од Урошевац прво што забележа беа фудбалските терени. Тој е првпат во Шабац, во посета на Филип Лукиќ, кој го однесе на Цер, место на голема српска победа во Големата војна. #dw_BalkanBooster тандемот оваа недела ќе ви донесе интересни приказни од Шабац.
Претходна страница
Страница 8 од вкупно 10
Следна страница