You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: DW
Фотографија: DW
Balkan Booster
Млади новинари од Балканот во потрага по нераскажани приказни од регионот!
Balkan Booster: „Да не постоеше, ќе требаше да се измисли“
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
Од „мртвата“ приштинска река до протест против хидроцентрала
Ирена Каревска и Ерна Салиху се тимот на #dw_BalkanBooster кој во Косово беше во потрага по „загубената“ река на Приштина, а на падините на Шар Планина беа сведоци на протестот на мештаните против узурпација на водата од Лепенец при изградбата на мини хидроцентрала.
Хидроцентрала им ја узурпира водата на селаните
Хаварија предизвикана од градежните работи на мала хидроцентрала на реката Лепенец на падините на Шар Планина во Косово ги остави со денови селаните од околината без вода. Притоа, изградбата на мини-хидроцентралата е незаконска, велат мештаните, но попусто протестираат. Нашиот #dw_BalkanBooster-тандем Ирена Каревска и Ерна Салиху се сретнаа со револтираните жители.
„Загубената“ река на Приштина
Низ Приштина протекува реката Приштевка, која има покриен бетонски канал, зашто во неа бил фрлан отпад
И Приштина имаше река...
Од пред неколку децении, реката Приштевка има покриен бетонски канал. Загадувањето ја направило Приштевка мртва река. Но, нејзините отрови се` уште се шират...Ирена Каревска и Ерна Салиу од #dw_BalkanBooster ја истражуваа оваа тема.
#dw_BalkanBooster во Косово
Ирена Каревска и Ерна Салиу оваа недела работат на еко-теми во Косово. #dw_BalkanBooster тандемот ќе се занимава со проблемот на загадување на водите и ќе оди во потрага по загубената река на Приштина.
Или топол дом или чист воздух
Граѓаните на српскиот град Ниш зиме дишат екстремно загаден воздух. Зошто тогаш греењето на дрва и натаму е прв избор?
Ниш се гуши а централното греење прескапо за многумина
Во градот на југот на Србија, стандардот на жителите е многу лош. А и воздухот кој го дишат е со лош квалитет. Овие две работи се поврзани, бидејќи жителите на Ниш поради високите цени на централното греење преминаа на греење на дрва. Нашиот #dw_BalkanBooster тим се позанимава со причините зошто иднивидуалните ложишта и натаму се најраширени, иако тоа еколошки е најпогубен начин на греење во Ниш.
Дали градот прави доволно за чист воздух?
Загадувањето на воздухот во Ниш е алармантно а и покрај сите мерки и ветувања , ситуацијата се чини не се подобрува.
Како да продише Ниш?
Зимата за жителите на Ниш по правило значи дека неколку месеци ќе дишат загаден воздух. Состојбата претходните години беше алармантна, а и последните денови од мерењето на загаденост на воздухот може да се прочита оти ситуацијата не е задоволувачка. Нашиот #dw_BalkanBooster-тандем Ламиа и Младен во Ниш разговараше со две жени кои интензивно се занимаваат со овој проблем.
Раздвојување на отпадот во зачеток
Од март 2019 година, на жителите на Подгорица им е овозможено одделно да го одложуваат сувиот и мокриот отпад.
Преку разделување до поефикасно рециклирање на отпадот
Во октомври 2018 година, градското собрание во Подгорица усвои одлука за одвојување на сувиот и мокриот отпад во домаќинствата. Во март годинава поставени се и првите контејнери кои овозможуваат посебно одложување на отпадот,Осум месеци подоцна, нашето #dw_BalkanBooster дуо Анѓела и Фјори истражува дали проектот пуштил корени меѓу населението и кои се наредните чекори за негов развој.
Како да се живее со помалку отпад?
Французинката Александра Обертан е едно од првите лица која на Балканот почна да лобира за начин на живот без отпад.
#DW_BalkanBooster: Можен ли е живот без отпад?
Последните неколку години во светот почна да заживува начинот на живот koj „живот без отпад“ (“zero-waste”). Французинката Александра Oбертaн, која веќе неколку години живее во Црна Гора, настојува да води ваков живот. Нашето #DW_BalkanBooster- дуо Анѓела и Фјори разговараа со Александра за тоа како изгледа животот без отпад во Црна Гора и што е потребно тој да се усвои.
#dw_BalkanBooster: Што се дише на Косово?
Луѓето на Косово буквално го гледаат воздухот којшто го дишат. Дури 97% од електричната енергија се добива од јаглен. Но, статистики за болестите кои тоа ги предизвикува - не постојат. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: „Луѓето не се заинтересирани многу за еколошки теми“
Работеа на еколошки теми поврзани со почвата и водата, дознаа повеќе за проблемите кои ги мачат луѓето во соседната земја и сфатија дека само со подобро запознавање е можно да се бориш против предрасудите и бариерите - Деница Чадиковска и Ардит Тоца беа македонско-албанскиот тандем во рамките на #dw_BalkanBooster проектот и еве како им поминаа двете недели заедничка работа и дружба:
#dw_BalkanBooster: „Не можеме сите да заминеме“
Како е да се живее во куќа од која од речиси секој агол гледаш термоцентрала, слушаш бучава и ја чувствуваш нејзината смрдеа? Како е да се живее во место, во кое снегот е покриен со црна прашина? Нашиот #dw_BalkanBooster тим оваа недела е во косовски Обилиќ.
#dw_BalkanBooster: Дишете ли?
Обилиќ е општина со најзагаден воздух на Косово. За тоа е виновна термоцентралата Косово Б. Теодора и Албан, нашиот #dw_BalkanBooster тандем, се упати во Обилиќ со цел да истражи - може ли да се дише?
Од Соланата во Улцињ до отровниот мостарски отпад
Миљана Дашиќ од Тиват и Тарик Бешлагиќ од Травник се тимот на #dw_BalkanBooster кој ја истражуваше некогашната солана во Улцињ во Црна Гора, која денес не работи, но е заштитена и претставува еден од најголемите резервати за птици во Европа. Во текот на работата во БиХ, тимот во фокус го имаше депонирањето отровен отпад во Мостар.
На депонијата во Мостар и натаму стигнува канцероген отпад?
Тимот на #dw_BalkanBooster дојде до сознанија дека отровен отпад и тиња, без оглед на ветувањата на градската управа, се`уште се депонира на Градската депонија во Мостар.
#dw_BalkanBooster: На младите им треба можност за меѓусебно запознавање
Организацијата „Нов бран“ од Благај работи на дистанцирање на децата од поствоените поделби. Низ бројни активности во природа децата учат за нејзиното значење и се запознаваат едни со други. Двоецот Миљана Дашиќ и Тарик Бешлагиќ од #dw_BalkanBooster ја посети оваа организација.
#dw_BalkanBooster: Тортура со смрдеа
„Овде сме изложени на тортура со смрдеа“, вели Нијаз Хоџиќ од иницијативата „Зашто и нас не` засега“. Тој живее покрај депонијата Уборак во Мостар и најавува протести ако депонијата не се затвори до 3 декември, кога и` истекува дозволата. Тимот на #dw_BalkanBooster разговараше со него.
#dw_BalkanBooster: Луѓето се плашат да зборуваат
Националниот парк Шебеник-Јабланица и проблемот на хидроцентралите кои таму се изградени беа темата со која неделава се занимаваше #dw_BalkanBooster тандемот Деница Чадиковска и Ардит Тоца. Какви им се впечатоците од престојот во регионот каде луѓето се плашат да зборуваат за проблемите?
#dw_BalkanBooster: Чуварот на националниот парк
За плата од околу триста евра чува област три пати поголема од она што го пропишуваат нормите - шумарот во националниот парк Шебеник-Јабланица, Башким Коци мора да оди пеш, работи и ноќе, во секакви временски услови... #dw_BalkanBooster со него разговараше на негова територија.
„Во националниот парк се штетни сите хидроцентрали“
Екологистите се против изградба на хидроцентрали во областа Либражд и велат дека се нарушува рамнотежата на екосистемот.
#dw_BalkanBooster: „Во националниот парк се штетни сите хидроцентрали“
Еколошките организации се спротивставуваат на изградба на мини-хидроцентрали во областа Либражд, во Албанија, нагласувајќи дека се нарушува рамнотежата на екосистемот. „Нарушување на рамнотежата значи нарушување на она што природата го создала и тоа е тешко да се поправи“, опоменува еко-експертот Хасан Делиу во разговорот со #dw_BalkanBooster.
Немаме ни капка вода
Во Либражд мини хидроцентрала им го загрозува опстанокот на флората и фауната и им го загорчува животот на мештаните.
#dw_BalkanBooster: Немаме ни капка вода
Малите хидроцентрали се закануваат да ги уништат последните диви реки на Балканот, предупредуваат еко-активистите. А во околината на Либражд, Албанија, една мини хидроцентрала не само што им го загрозува опстанокот на флората и фауната, туку им го загорчува и животот на мештаните. Тие огорчено се жалат дека „нема вода ни за жаби, а не пак за луѓе“. #dw_BalkanBooster ги посети и разговараше со нив
#dw_BalkanBooster во Либражд
Деница Чадиковска и Ардит Тоца оваа недела работат на еко-теми во Либражд, Албанија. #dw_BalkanBooster тандемот кој со своите стории за линданот во Скопје предизвика големо внимание, овојпат ќе се занимава со малите хидроцентрали и нивното влијание врз животната средина.
#dw_BalkanBooster: Вардарски приказни
Една недела се занимаваа со проблемите на реката Вардар, беа на плажата што ја нема, видоа многу отпад... Ирена Каревска и Ерна Салиху ја завршија авантурата во Скопје, но тука не завршува и нивната работа на #dw_BalkanBooster еко-приказните. За неколку недели ќе работат на еколошки теми во Приштина. Како им беше на Вардар? Па, со низа згоди и незгоди.
#dw_BalkanBooster во Преспа: Различни земји, исти проблеми
Петар Догов, Ефтерпи Музакити и Лорин Кадиу беа #dw_BalkanBooster триото кое една недела работеше на теми во Преспа.
#dw_BalkanBooster: Животната средина треба да ја одржуваш чиста, исто како куќата
Посетија неколку села на македонската, албанската и грчката страна на Преспанското Езеро, се сретнаа со многу луѓе и се запознаа меѓусебно подобро. Нивните еко-приказни од Преспа предизвикаа внимание. Со какви импресии од проектот Balkan Booster се вратија дома Петар, Ефтерпи и Лорин?
Наводнување со вода од Вардар не е препорачливо
Индустриските отрови и канализацискиот отпад го променија изгледот на реката Вардар, која некогаш беше полна со жив свет
#dw_BalkanBooster: Наводнување со вода од Вардар не е препорачливо
Индустриските отрови и канализацискиот отпад го променија изгледот на реката Вардар, која некогаш беше сина и полна со жив свет. Скопје би требало да добие пречистителна станица за околу пет години. #dw_BalkanBooster-тандемот Ирена Каревска и Ерна Салиху се распрашуваше кај надлежните за штетноста на водата на реката и перспективата за нејзино прочистување.
Вардар го труе сѐ и сешто
Канализациски и индустриски отпад - водата на Вардар е екстремно нечиста.
#dw_BalkanBooster: Вардар го труе сѐ и сешто
Канализациски и индустриски отпад - водата на Вардар е екстремно нечиста. Институтот за јавно здравје откри и присуство на тешки метали. Тоа што денес се случува е катастрофа, велат оние кои се загрижени за Вардар. Нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Ирена Каревска и Ерна Салиху, разговараше со луѓето на кои реката им лежи на срце.
#dw_BalkanBooster: Ој, Вардаре...
Вардар во народните песни е опеан како река која краси. Дали е навистина така? Ирена Каревска и Ерна Салиху се тандемот на #dw_BalkanBooster кој ќе помине една недела на и околу Вардар. Таму и се сретнаа - на кејот на Вардар во Скопје. И, отидоа во Зоолошката градина. Каква врска има таа со Вардар? Погледнете што велат Ирена и Ерна.
Отпадот во Дунав голем предизвик за најголемата хидроцентрала во Европа
Екипата на #dw_BalkanBooster ја посети Ѓердап - најголемата хидроелектрана во Европа. Шест моќни генератори тука произведуваат електрична енергија, но дрвата и отпадот во Дунав ја загроуваат централата. Како е решено тоа?
#dw_BalkanBooster: Љубопитно трио по текот Дунав
Како Србија, Бугарија и Романија го чуваат природното богатство кое ги поврзува- Дунав. Нашиот #dw_BalkanBooster- троец Сандра од Србија, Љубо од Бугарија и Еуген од Романија тргна во потрага по одговори на ова прашање во трите земји...
#dw_BalkanBooster: Политички цели под еко-плашт
Деновиве треба да почне изградбата на Блокот 7 на Термоцентрала Тузла. Тоа е најголема повоена инвестиција во Босна и Херцеговина - 1,5 милијарди конвертибилни марки - и доаѓа од Кина. Дали изградбата на овој блок навистина ќе донесе намалување на загадувањето во Тузланскиот кантон? Соговорникот на #dw_BalkanBooster вели - не.
#dw_BalkanBooster: „Половина населба има белодробни заболувања“
Според податоците на Светската здравствена организација, Босна и Херцеговина во светски рамки има втора највисока стапка на смртност поради загадување на воздухот. #dw_BalkanBooster тандемот Ламиа Браво и Младен Ѓорѓевиќ разговараа со жителите на Букиње и Лукавац за тоа каков е животот покрај Лукавачката коксна индустрија (ГИКИЛ) и Термоцентрала Тузла.
#dw_BalkanBooster во Тузла
Младиот новинар Младен Ѓорѓевиќ стигнува првпат во Босна и Херцеговина и во Тузла, каде го пречекува #dw_BalkanBooster партнерката Ламиа Браво. Двајцата оваа недела ќе се занимаваат со најголемиот тузлански проблем - загадениот воздух.
#dw_BalkanBooster: „Господине Еж, како сте задоволни од чистотата на морето?“
Три хороскопски риби, а всушност две континенталки и еден континенталец, се споија во проектот на истражување на чистотата на Јадранското Море по игра на случајот. Добро, не сосема случаен случај, туку случај за којшто е „виновен“ Balkan Booster. Ивана Абрамовиќ беше хрватскиот дел од #dw_BalkanBooster, Јелена Контиќ - црногорскиот, а Азем Куртиќ - босанскохерцеговскиот. Што научија нашите „риби“?
#dw_BalkanBooster: Кога се дели исто езеро...
Извозеа повеќе од 600 км на трите страни од Преспанското Езеро, се гушеа во смрдеа од отпад, прашуваа кој ја краде езерската риба и регистрираа што се прави за спас на Далматинскиот пеликан, еден од двата вида пеликани во Европа кој е дома токму во Преспа! Нашите Петар, Ефтерпи и Лорин ја завршија својата #dw_BalkanBooster авантура. Не го најдоа балканскиот Лох Нес, но открија многу други нешта!
Преспа е најважна област за Далматинскиот пеликан
Преспа е најважна област за Далматинскиот пеликан, еден од 8 видови пеликани во светот и еден од двата вида во Европа.
#dw_BalkanBooster: Преспа е најважна област за Далматинскиот пеликан
Преспа е најважната област за Далматинскиот пеликан, еден од 8 видови пеликани во светот и еден од двата вида во Европа. Во 1980-те овој вид пеликани беше загрозен - во Преспа имаше само околу 100 двојки. Сега, благодарение на мерките за заштита, во Преспа има околу 1.200 двојки. Што се прави за да се заштити Далматинскиот пеликан, на грчката страна од Преспанското Езеро? #dw_BalkanBooster
Рибокрадците ги фрлаат мрежите ноќе
Дел од видовите риби во Преспанското Езеро сѐ помалку може да се најдат во неговите води. Една од причините е криволовот
#dw_BalkanBooster: Рибокрадците ги фрлаат мрежите ноќе
Преспанското Езеро е дом на над 2.000 видови птици, риби и други цицачи. Познати се преспанскиот крап и рибите белвици-нивички. Има и црвеноперка, скобуст, мренка, клен... Но, рибарите се жалат дека дел од овие видови риби сѐ помалку може да се најдат во водите на езерото. Една од причините е криволовот. Во моментов во тек се десет постапки против физички лица за рибокрадство. #dw_BalkanBooster
Пустец: „Целиот отпад оди во селото и во езерото“
На Преспанското Езеро од албанска страна има дива депонија која се наоѓа на само еден километар од селото Пустец.
#dw_BalkanBooster во Пустец: „Отпадот оди во селото и во езерото“
На Преспанското Езеро од албанска страна има дива депонија која е на само еден километар од селото Пустец. Порано, велат мештаните, отпадот се собирал. Сега, ѓубрето ја загадува почвата, а кога вее ветер - тоа завршува во селото и езерото. Зошто не се преземаат мерки и покрај тоа што Албанија има Закон за интегрирано менаџирање со отпадот?Нашето #dw_BalkanBooster трио се распрашуваше на оваа тема.
#dw_BalkanBooster: Преспанското Езеро и Лох Нес... Молам?
Во себе крие историја и преданија, има прекрасна природа и на места - недопрена убавина... Но, ликот на Преспа го нагрдуваат низа еколошки проблеми. За дел од нив ќе зборуваат Петар Догов, Ефтерпи Музакити и Лорин Кадиу, кои се #dw_BalkanBooster триото на Преспанското Езеро и ќе зборуваат за менаџирање на отпадот, илегален риболов и загрозени видови... А, во потрага се и по балканскиот Лох Нес ...
Претходна страница
Страница 7 од вкупно 10
Следна страница