You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: DW
Фотографија: DW
Balkan Booster
Млади новинари од Балканот во потрага по нераскажани приказни од регионот!
Balkan Booster: „Да не постоеше, ќе требаше да се измисли“
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
#dw_BalkanBooster: Сексуално образование од интернет
Сексуалното образование во Србија и Косово е недоволно и несоодветно. Кога на училиште не се добиваат доволно знаења, се посегнува по други извори на информации, како интернетот. Може ли тој да биде „учителот“? #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Лекции по српски и албански
Јазикот е важен дел од идентитетот. Нашиот нов #dw_BalkanBooster тандем, Аргнесе и Александар, во видеото во кое првпат ви се претставуваат, се обидоа да зборуваат на јазикот на другиот. Погледнете! И вклучете тон, се разбира 🙂
#dw_BalkanBooster: За идентитетот
Теми досега нераскажани, предели прекрасни, традиции до денес зачувани - дружбата со нашиот нов #dw_BalkanBooster тандем ќе биде возбудлива. Оваа недела ќе ги следите идентитетските приказни на Емилиja Петреска од Скопје и Кејди Демнери од Тирана. Запознајте ги!
#dw_BalkanBooster: Кога Ромите музицираат...
Се вели дека песната им е во крвта на Ромите. Нашиот #dw_BalkanBooster тим, Милица и Ригон, разговараше со ромски музичари кои во својата музика ги спојуваат традиционалното и модерното.
#dw_BalkanBooster: „Да ја прекинеме тишината“
Масовни гробници, логори, протерувања на малцинства - ова е само дел од воените злосторства извршени во текот на 1990-те на просторот на Србија. Но, за тоа не се зборува. Иницијативата на младите за човекови права сака тоа да го промени. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Да си заминат ако имаат каде
Вели дека го гледаат како црна овца, но сепак не се откажува од своите четки и боја - уметникот Драгослав од Бања Лука зборува за состојбите во градот и има порака до младите. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Другото лице на Сребреница
Сребреница во цел свет стана синоним на страдање. Како изгледа секојдневието во градот, 25 години по геноцидот?
#dw_BalkanBooster: Другото лице на Сребреница
Сребреница во цел свет стана синоним на страдање. Како изгледа секојдневието во градот, 25 години по геноцидот? #dw_BalkanBooster се сретна со дел од неговите жители.
#dw_BalkanBooster: Театарот и политиката
Културата е важен столб на идентитетот. Има ли политиката преголемо влијание врз неа? Милица и Ригон посетија театри кои живееле во два система. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Успешен бизнис во време на корона
„Водопадот на Мујо“ на реката Уна е место на кое од оваа година може да се сретнат група млади сплавари. Овие момчиња ги искористиле строгите мерки од почетокот на пандемијата на коронавирус на најдобар можен начин. Тие осмислиле бизнис од којшто денес живеат. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Идентитет(и)
Што е идентитет? Кои фактори го определуваат и дали секој поединечно има различна дефиниција за него? Ова, меѓу другото, се прашањата со кои ќе се занимаваат новите учесници во нашиот проект #dw_BalkanBooster. Новата Балкан Бостер тура почнува денеска, а „лентата ја сечат“ Милица Нешиќ и Ригон Харџи. Запознајте ги!
#dw_BalkanBooster: Долговечната Фетије
Фетије Царја има 101 година и е една од најстарите луѓе во Албанија. Никогаш не патувала, а првиот пасош го добила на свои 40 години. Жената која со #dw_BalkanBooster тимот разговараше за својот живот, со жалење констатира дека веќе не може да работи, а со нас дели и по некоја своја мудрост.
#dw_BalkanBooster: Скопје како Амстердам
Велосипедите се барани како никогаш досега! Купувачите во Европа ги бараат толку, што производителите понекогаш не можат да стигнат да го испорачаат бараното количество. Корона-пандемијата ја зголеми продажбата на велосипеди и во Скопје. Дали сте за една тура со Emilija Petreska и #dw_BalkanBooster?
#dw_BalkanBooster: Балканот и баклавата
Може ли Балкан без баклава? Тешко. Баклавата е на балканските трпези на многу празници, а и „обични“ денови. Бранкица и Елион, кои се дел од нашиот #dw_BalkanBooster проект, се обидоа да направат баклава. Рака на срце, не многу успешно, но затоа се тука пријателите.
#dw_BalkanBooster: Фирма со посебна цел
Агро-план е фирма од социјален карактер и вработува лица од ранливи категории во општеството и лица со ромска националност. Профитот остварен од продажба на производите се користи исклучиво за потребите на Ромите. Тимот на #dw_BalkanBooster ја посети оваа фирма во Бијељина.
#dw_BalkanBooster: Биди машко!
Клубот „Биди машко“ во Брчко има околу 25 активни членови. Има и девојки и момчиња. Нашиот #dw_BalkanBooster тим праша - која е целта на ваков еден клуб и што всушност значи да се биде машко на Балканот?
#dw_BalkanBooster: Одмор дома
Летување дома, овојпат со препораки од Србија и Црна Гора, но и од Грција, каде многумина од Балканот ова лето не можат да заминат. Еве ја Грција, барем на видео #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Летувај дома
Младите од Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина немаат многу избор кога станува збор за летниот одмор годинава. Принудени се да останат во своите држави. Сепак, имаат неколку совети за нас #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Спомениците раскажуваат
Во видеото посветено на спомениците од минатото на Балканот се дадени слики од Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Меѓу нив и за „Вечниот оган“ во Сараево, кој извесно време останал без пламен #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: „Графитите се слобода“
Графитите се многу повеќе од само убав цртеж на ѕид. Тие ги рефлектираат проблемите во едно општество, испраќаат важни пораки. #dw_BalkanBooster се сретна со млади графити-уметници во Скопје и Тирана и праша кој е нивниот предизвик за да се занимаваат со ваков вид уметност.
#dw_BalkanBooster: Споменици и спомени
Спомениците се сведоци за минатото. Тие потсетуваат на она што било, опоменуваат- да не се заборави! Неретко тие се и предмет на политички расправии и толкувани се на различни начини. На пример, контроверзниот проект „Скопје 2014“. Во проектот #dw_BalkanBooster се занимаваме со спомениците на Балканот и нивното значење за денешните генерации. Еве ги приказните од Црна Гора, Албанија и Романија.
#dw_BalkanBooster: Како против втор бран коронавирус?
Дали младите во Грција, Бугарија и Црна Гора се придржуваат до мерките за сузбивање на коронавирусот и на кој начин го прават тоа? На некои им помагаат лути пиперки...
#dw_BalkanBooster: Ќе биде ли спасена летната сезона во Охрид?
Посетеноста во втората половина на јули е мелем на рана за охридскиот туризам годинава. Ќе се задржи ли таквата посетеност? Ќе биде ли тоа доволно за добар економски биланс во година на пандемија на корона? #dw_BalkanBooster пред десетина дена разговараше со неколкумина охридски бизнисмени од различни бранши. Заедничка за сите е - неизвесноста.
#dw_BalkanBooster: Работа во време на пандемија
Пандемијата на коронавирусот за многу млади луѓе значеше и губење на работното место. Некои не очајуваат и веднаш се преориентираа. Такви се и две девојки од Романија и Србија. Погледнете ја нивната приказна.
#dw_BalkanBooster: Германија како претседавач со ЕУ треба да му помогне на Балканот
„Сакам да сум дел од ЕУ, а не да емигрирам во неа. Ниедно друго место не е како дома!“, вели Теодора Цветковска, македонска учесничка во овогодишниот #dw_BalkanBooster. Таа и дел од останатите учесници од сите земји на Западен Балкан се јасни во своите очекувања од германското претседателство со ЕУ.
#dw_BalkanBooster: „Немав избор“
Самоопределување на родот е пракса во многу држави, посебно кога се во прашање личните документи. Во Црна Гора тоа се’ уште го нема, па трансродовите лица се принудувани да „изберат“ стерилизација за да ја променат ознаката на полот во документите. Еден од нив е и Јован Џоли Улиќевиќ, кој за #dw_BalkanBooster зборува за борбата да стигне до тоа во личните документи наместо „Ж“ да стои ознаката „М“
#dw_BalkanBooster: „Расизмот е системски“
Серѓан Бафтијари од организацијата НВО РОМ „Чекорете со нас - Phiren Amenca“, тврди дека во Црна Горан постои расизам. Тој и самиот го почувствувал на своја кожа. Со него разговараше нашиот #dw_BalkanBooster тим кој неодамна го посети и протестите #blacklivesmatter одржани во Подгорица.
#dw_BalkanBooster: „Луѓето треба да го слушнат нашиот глас“
Во јуни, месецот кога во 1969. хомосексуалците во Њујорк протестираа против полициско насилство, во цел свет вообичаено се одржуваат Паради на гордоста и се веат знамиња во боите на виножитото. Годинава, поради пандемијата на корона и забраната за одржување масовни манифестации, е поинаку. #dw_BalkanBooster во Скопје се сретна со драг квин изведувачот Токио де Вил.
#dw_BalkanBooster: Балканот и расизмот
Има ли расизам на Балканот? Како тој се манифестира и против кого е насочен? Еве што велат учесниците во #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Музеј за времето на изолација поради короната
Што би оставиле во музеј кој би бил посветен на пандемијата на коронавирусот? Некои од учесниците во нашиот проект #dw_BalkanBooster би си ги оставиле панталоните кои веќе не им се точни, други пак би изградиле статуа за сите кои шират паника.
#dw_BalkanBooster: Бајрамско празнување во време на корона
Бајрам годинава е поинаков, со правила за дистанца поради пандемијата на коронавирус. Се почитуваа ли? Погледнете како тоа изгледаше во Тирана и Сараево. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Теории на заговор
Теории на заговор? Сигурно сте слушнале барем една поврзана со коронавирусот. Какви се’ теории на заговор кружат на Балканот? Еве што известуваат учесниците во нашиот проект #dw_BalkanBooster од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Грција.
#dw_BalkanBooster: Читај, учи и уживај!
Дали можеби во време на пандемија имате малку повеќе време за читање? Учесниците во нашиот проект #dw_BalkanBooster велат дека сега можат повеќе да се посветат на своите омилени автори, некои дури и ги препрочитуваат омилените книги. Еве неколку препораки за книги кои, според нив, треба да се прочитаат:
#dw_BalkanBooster: Мојот град по корона-изолацијата
Рестрикциите воведени поради пандемијата на коронавирус се олабавуваат во сите земји на Балканот. Како по повеќенеделна изолација изгледа во Албанија, Грција, Босна и Херцеговина и Хрватска, погледнете во #dw_BalkanBooster видеото со снимки од едно пристаниште, шеталиште и солариум.
#dw_BalkanBooster: Како живеат Ромите во време на пандемија
Повеќето деца Роми на Балканот не можат да следат онлајн настава. Тие немаат пристап до интернет, ниту таблети или смартфони преку кои би можеле да учат. Како живeат Ромите во вонредни услови во време на пандемија, се распрашавме во Албанија и Црна Гора. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Борбата за права и демократија не е завршена
На 75-годишнината од крајот на Втората светска војна, младите од Балканот испраќаат мировна порака. Некои опоменуваат дека борбата се' уште не е завршена, а некои посакуваат на стогодишнината од крајот на големата војна да се обединети под знамето на ЕУ. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Рамазан на Балканот во време на корона
Како изгледа ифтарот во време на корона, кога се забранети собири и молитви во џамиите? Ламија од Сараево ни покажа како тоа изгледа во куќата на нејзините родители, а Тарик се изначека во редот за сомуни. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Време за таленти
Како квалитетно да се поминува слободното време во изолација? Идеите на дел од учесниците во #dw_BalkanBooster се инспиративни
#dw_BalkanBooster: „Ми недостигаат реални луѓе“
Мерките што се преземаат во земјите од Балканот во борбата против пандемијата не се разликуваат многу, но сепак - некаде се помалку, некаде повеќе строги. Некаде, пак, предизвикуваат загриженост за состојбата на човековите права. Како учесниците во проектот #dw_BalkanBooster ги доживуваат рестрикциите и зошто им е преку глава од онлајн-живот?
#dw_BalkanBooster: Велигденот на Бустеровци
Овогодишните велигденски празници многумина поради пандемијата и мерките за изолација ќе ги поминат дома и со видео-разговори. Дел од досегашните учесници во проектот на ДВ #dw_BalkanBooster ни јавија како тие го слават празникот годинава:
#dw_BalkanBooster: Правата на ЛГБТ+ лицата во Србија и во Црна Гора
Правата на ЛГБТ+ заедниците во Србија и во Црна Гора се еднакво загрозени. Истополов брак и натаму не е дозволен, а поддршка од страна на семејството е реткост. Разговаравме со активисти од овие две земји. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Поддршка за ЛГБТИ-заедницата во време на пандемија
Животот со хомофобни или трансфобни родители за младите припадници на ЛГБТИ-заедницата во Босна и Херцеговина не е едноставен. Кога мора да се остане дома, тој е уште потежок. Во Сараевскиот отворен центар (СОЦ) се распрашавме како изгледа поддршката во време на пандемија. #dw_BalkanBooster
Balkan Booster во време на корона
Како Балканот пулсира во корона-пандемија? Еве како Balkan Booster го документира времето на социјална изолација:
„Тука сум за две минути“
Во време на пандемија на коронавирус, сведоци сме на голема солидарност меѓу припадниците на различни генерации. Погледнете како Ивана, Еуген и Јелена помагаат во својата заедница. #dw_BalkanBooster
Што младите од Балканот очекуваат од политичарите во 2020?
Реформи, повеќе работни места, транспарентност - ова е само дел од очекувањата на младите од Балканот од политичарите во регионот. Погледнете го видеото на англиски јазик!
#dw_BalkanBooster на РТК: Загадувањето на животната средина не познава граници
Учесниците на овогодишниот #dw_BalkanBooster посветен на еколошки теми и проблеми на средината од декември беа гости на Радио Телевизија Косово, каде зборуваа за загадувањето на животната средина и нејзината заштита. Овде можете да ја погледнете верзијата на српски јазик на емисијата која беше снимана двојазично - на српски и албански јазик.
#dw_BalkanBooster: Природата им припаѓа на сите, не на поединци
Еколошки теми истражуваа во Црна Гора и Босна и Херцеговина, понекогаш си „солеа“ памет и на крајот велат дека се разочарани од односот на властите кон заштитата на природата, но и од пасивноста на локалното население. Миљана и Тарик порачуваат: Природата припаѓа на сите, не само на поединци! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: „Бевме и новинари и сниматели и работници во кафуле...“
Младен од Ниш и Ламиа од Сараево две недели беа на пат во потрага по приказни за загадувачите на воздухот и луѓето кои поради нив не можат да дишат слободно. Погледнете што научија! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Барањата на граѓаните се игнорираат
Ирена Каревска и Ерна Салиху беа #dw_BalkanBooster тандемот кој работеше на теми во врска со загадувањето на водата - и во Скопје и во Приштина. Заклучокот по двете недели поминати во соседните земји гласи: проблемите се слични, поривот да се уништува природата е ист, а гласот на граѓаните никој не го слуша!
Западен Балкан: Еколошко новинарство против национализмот
Национализмот и смешните услови за визи ја отежнуваат работата на младите новинари на Западен Балкан.
Претходна страница
Страница 6 од вкупно 10
Следна страница