You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: DW
Фотографија: DW
Balkan Booster
Млади новинари од Балканот во потрага по нераскажани приказни од регионот!
Balkan Booster: „Да не постоеше, ќе требаше да се измисли“
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
#dw_BalkanBooster: Враќање во татковината
Многу млади заминуваат во странство во потрага по подобар живот, и тоа е, може да се каже, стара вест. Но, некои од нив повторно се враќаат, полни со нови знаења и искуства. Тие сакаат да ја направат својата татковина подобра. Такви се и Матија од Црна Гора и Идана од Босна и Херцеговина.
Женска ромска група „Pretty Loud“ - храбри и самостојни
„Pretty Loud“ е не само женска ромска музичка група, туку и важен општествен проект.
#dw_BalkanBooster: „Хотел Мама“ или сами?
Кога да се напушти домот на родителите? Многу млади на Балканот се одлучуваат на тоа кога ќе најдат работа со пристојна плата или кога ќе влезат во брачни води. Инаку, со родителите се живее што е можно подолго. Разговаравме со Анел и Теодора. Тие биле упорни и се осамостоиле!
#dw_BalkanBooster: Феминизмот на Балканот веќе не е табу
„Феминист е секој кој признава потполна рамноправност и хуманизам на мажите и жените“, вели познатата американска феминистка Глорија Стејнем. Дали сте тоа и Вие? #dw_BalkanBooster тандемот, Бранкица и Елион, беше во потрага по жени на Балканот кои, следејќи ја ваквата дефиниција, се борат за промени и против предрасуди.
#dw_BalkanBooster: Со електротротинет секаде поевтино
Електротротинетите станаа тренд во светот, па и на Балканот. Многумина се уверени дека тие се многу подобри од автомобил. Но, има и такви на кои електротротинетите им пречат. Погледнете зошто! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Кога другите се откажуваат, тие почнуваат
За да се започне сопствен бизнис во време на корона, потребна е огромна храброст. Марија и Алдина се осмелија - и многу се задоволни! Погледнете ги нивните приказни! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Магарешко млеко - бизнис и рецепт за здравје?
Денес магарињата на Балканот не се познати само како тврдоглави. Тие се речиси ѕвезди, зашто многумина се колнат во чудесните својства на нивното млеко. #dw_BalkanBooster ја посети малата фарма на семејството Суљагиќ и госпоѓата која вели дека магарешкото млеко и' помогнало да се опорави од корона. *Внимание! Лекарите не препорачуваат редовните препорачани лекови да се заменат со магарешко млеко*
#dw_BalkanBooster: Без кафе не можам
„Кафето ми е се’ што ми остана во животот... и децата да ги видам, но кафето ми е закон“, вели госпоѓа Рајна од Бања Лука. Таа своја љубов ја дели со многумина на Балканот, како Сабахате од Пеќ. Нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Бранкица и Елион, ги посети овие две госпоѓи и испи кафе со нив.
#dw_BalkanBooster: Храна која поврзува
Нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Бранкица и Елион, ве води на ќебапи во Бања Лука и во Пеќ. Внимавајте! Не ви е многу паметно да го гледате ова видео доколку сте гладни и доколку ќебапи не ви се на дофат на рака 😉!
#dw_BalkanBooster: Да ги нормализираме нормалните тела
Сите луѓе се совршено убави, смета Нада Војиновиќ од Црна Гора. Таа осмисли изложба на фотографии „Да ги нормализираме нормалните тела“. Погледнете го #dw_BalkanBooster видеото на Матеја и Денис.
#dw_BalkanBooster: Толку слични, а сепак различни
Со темата идентитет се соочија на најразлични начини - преку лицата со инвалидитет, свадбите и обичаите, ликот на старите чаршии, надворешноста и внатрешноста на човекот, професиите кои се' уште некаде и од некого се делат на машки и женски... Љубица Иванова и Сара Изероски ве носеа на патување, во текот на кое и самите по нешто научија. Еве што имаат да кажат на крајот на #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Излегување од кутијата
Поради пандемијата не се запознаа „во живо“, работеа секој во својата земја, а сепак заедно, допреа чувствителни теми врзани за идентитетот. Емилија Петреска и Кејди Демнери донесоа приказни кои беа гледани и коментирани со интерес и емоции. На крајот од својата не секогаш едноставна задача на проектот, самите зборуваат за тоа како беше да си дел од #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Подај рака на друг
Ретко што може да не’ направи среќни, како помагањето на други. Тоа го покажуваат и научните истражувања. Емпатијата и помагањето е основна „состојка“ на идентитетот на активистите од Ways2Help од Скопје и Teen Challenge од Албанија. Кои се нивните мотиви за помош и како тоа го прават, во видеото на Емилија и Кејди од #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Линија на животот
Пандемијата турка во очај многу луѓе кои тешко излегуваат на крај со проблемите во животот - и млади и стари. Тоа добро го знаат волонтерите кои работат на СОС-линиите. #dw_BalkanBooster разговараше со млади луѓе кои примаат повици и се обидуваат да помогнат со совети.
#dw_BalkanBooster: Откривање на сопствената сексуалност - со препреки
Замислете да се родите во тело на жена, а да се чувствувате како маж, или обратно. Животот на лицата кои во својата полова и сексуална ориентација се на каков било начин поинакви од она што во општеството во кое живеат се смета за „нормално“, не е воопшто едноставен. #dw_BalkanBooster разговараше со две такви лица.
#dw_BalkanBooster: Пандемијата и младите
Корона-пандемијата го промени начинот на живот. Изолираноста и осаменоста влијае и врз младите, кои преку процесот на социјализација учат и созреваат. Како Ковид-19 го промени животот на младите? #dw_BalkanBooster ги праша нив и експертите.
Младите од Западен Балкан: Се чувствуваме ли како Европејци?
Се чувствувате ли како Европејци? На прашањето одговараат млади од Западен Балкан. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: „Има толку многу деца на кои им е потребна нашата љубов“
Животот понекогаш тргнува по неочекувани патишта. На пример, животот на едно момче фрлено во ѓубре и згрижено во ромско семејство во Албанија... Или судбината на скопското семејство кое долго се обидувало да добие дете... #dw_BalkanBooster со приказна за неизвесноста и љубовта, грижата и радоста.
#dw_BalkanBooster: Не бидете поткупливи и борете се за своите идеи
Тие беа млади во некои други времиња, се соочуваа со други предизвици. Каква порака имаат нашите баби за младите денес? #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Колекционери vs минималисти
Балканците се познати како луѓе кои тешко се разделуваат од работите кои ги поседуваат и во чии домови може да се најде се’ и сешто. Но, меѓу сите „колекционери“ има и по некој минималист, кој смета дека предметите ни се товар и ни одземаат време. Тие тврдат: помалку предмети - поголема слобода! #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Женско-машки работи
Има ли „машки“ и „женски“ професии? Не! Но, има сфери каде повеќе доминираат мажите... или жените. И, има луѓе кои ја кршат таа доминација!
#dw_BalkanBooster: „Мора да се движам на коловоз, а таму главата е секогаш в торба“
Физички бариери, непристапни тротоари и пешачки премини - лицата со инвалидитет се соочуваат со многу проблеми во БиХ и Црна Гора. #dw_BalkanBooster
Дејтонскиот мировен договор, младите и „идентитетите со етикети“
Годинава се навршуваат 25 години од потпишувањет на Дејтонскиот мировен договор, со кој беше ставен крај на војната во Босна и Херцеговина. Што мислат младите во БиХ за договорот? Девет градови, девет одговори. Повеќето се согласни дека Дејтонскиот договор треба да се промени.
#dw_BalkanBooster: Човекот не е само тело
Дебели, слаби, високи, ниски... Дали изгледот ни го определува животот и колку тој е важен за да се биде среќен? #dw_BalkanBooster тандемот Љубица и Сара се занимаваше со темата изглед и неговото влијание врз нашиот живот и притоа сретна една извoнредна млада девојка која има што да каже!
#dw_BalkanBooster: Чаршии со променет лик
Некогаш биле душата на градовите, сега се борат да „преживеат“ - старите чаршии се менуваат, старите занаети изумираат, старите дуќани затвораат... Меѓу причините за тоа e и забрзаниот раст на технологијата. Ќе го промени ли таа сосема личниот опис на традиционалните чаршии? #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Работа од соништата
Го работите ли тоа што ве прави среќни, или животот ве приморал на компромиси? И, ако е така, наоѓате ли време сепак на некој начин да го живеете својот сон? #dw_BalkanBooster тандемот, Емилија и Кејди, сретнаа луѓе кои успеваат да го прават она што го сакаат со душа, иако работат нешто сосема друго.
Карикатури на тема идентитет
Четвртиот #dw_BalkanBooster се занимава со темата идентитет.
#dw_BalkanBooster: Речиси невозможна мисија
Како е да се биде вегетаријанец или веганец на Балканот? #dw_BalkanBooster за начинот на живот, кој на многумина им изгледа како речиси невозможна мисија на Балканот.
#dw_BalkanBooster: Ракија - пијалок на вашата и нашата младост
Дали сте за чашка ракија? Тоа е прашање кое ќе го слушнете на целиот Балкан. Но, она што е во чашката може и тоа како да се разликува! #dw_BalkanBooster тандемот, Милица и Ригон, ја „сварија“ приказната за ракијата на релација Заечар-Тирана.
#dw_BalkanBooster: Боли што нашите родители ќе останат сами
71 процент од младите луѓе на Балканот сакаат да ги напуштат своите татковини, односно да се иселат во друга земја со цел - подобар живот. Ова во јуни годинава го објави „Балкан-Барометар“ на иницијативата за политичка координација на соработката на земјите од ЈИЕ „Регионален совет за соработка“. Што треба владите во регионот да направат за да се спречи масовното иселување? #dw_BalkanBooster
Храната како врска помеѓу Србија и Косово
Велат дека храната ги поврзува луѓето. Кога таа храна е вкусна, па уште и ако сами ја подготвиме, тогаш е тоа полн погодок! Александар од Нови Сад првпат ќе пржи косовски локуми - по рецепт на својата #dw_BalkanBooster-партнерка Аргнесе од Пеќ. Таа пак ќе готви првпат во животот! Погледнете што точно ќе прави и дали ќе и’ успее:
#dw_BalkanBooster: Музика која поврзува
Севдахот е многу повеќе од музика. Севдахот е љубов и состојба на душата. Она што во БиХ е севдахот, тоа во Црна Гора се клапите. Погледнете и слушнете што забележа #dw_BalkanBooster тандемот Матеја и Денис.
#dw_BalkanBooster: Еко-живот
Можеме ли да живееме поеколошки? И, што треба да направиме за тоа? Младата Милица Петричевиќ смета дека треба само да се промени начинот на размислување и да се почне од мали, а всушност големи нешта. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: „Шиптар“ и „Шка“ - зборови кои сеат омраза
Дали зборот „Шиптар“ е навредлив? Некои велат не и аргументираат дека Шиптар е словенска изведенка од албанскиот збор „shqipetar“, кој Албанците го користат кога зборуваат за својата националност. Но, Албанците сметаат дека е навредлив. Во Србија со судска одлука употребата на зборот „Шиптар“ е дефинирана како говор на омраза. Но, и Албанците имаат погрден збор за Србите - „Shka” или „Shkau“.
#dw_BalkanBooster: Колку сме слични, а колку различни?
Матеја и Денис се нашиот нов #dw_BalkanBooster тандем и еве што тие мислат за темата идентитет:
#dw_BalkanBooster: Дружба на релација Бања Лука-Пеќ
Бранкица од Бања Лука го покани Елион од Пеќ на виртуелен излет на омиленото место во својот град. Еве како изгледаше тој „работен договор“ на нашиот #dw_BalkanBooster тандем.
#dw_BalkanBooster: Што е убаво?
Што е убаво? Можат ли карактеристиките на убавината да бидат диктирани од некого и нешто, или е тоа длабоко индивидуална перцепција на нештата? Дали, во време на социјални медиуми, сите на крајот ќе изгледаат исто, како што проповедаат влијателните инфлуенсери? #dw_BalkanBooster овие прашања ѝ ги постави на една млада уметница од Скопје.
#dw_BalkanBooster: Чуварот на скаменетиот змеј
Верувањата, преданијата и легендите се составен дел од културата и традицијата на еден народ. Емилија Петреска и #dw_BalkanBooster ви ја раскажуваат легендата врзана за пештерата Змејовица и човекот кој пасионирано се грижи за пештерата.
#dw_BalkanBooster: Ме разбираш?
Јазикот е суштествена категорија на идентитетот. Преку мајчиниот јазик се осознаваме себеси, тој е еден од нашите корени, но и врската со светот. Колку младите луѓе на Балканот ги разбираат јазиците на соседите? #dw_BalkanBooster тандемот Љубица и Сара беше сведок на виртуелната средба на двајца 19-годишници од С. Македонија и БиХ.
#dw_BalkanBooster: „И среќна и тажна“
Свадбите на Балканот вообичаено се раскошни и полни со обичаи. Пандемијата на коронавирус тоа го промени. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Падобранството е начин на живот
Слободата е нераскинлив дел на идентитетот. Некој ја бара во себе, некој во околината, а некој во облаците! Падобранците и чувството на слобода во видеото на Емилија Петреска #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Лицата со попреченост можат!
Вработувањето на лицата со попреченост е еден од начините за нивна инклузија во општеството, како и за уривање на стереотипите и бариерите на кои наидуваат тие. Игор и Хасан станаа видливи во општеството. Како, погледнете во видеото на Љубица Иванова и Сара Изероски. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Возбудливо патување
Љубица Иванова и Сара Изероски се #dw_BalkanBooster тандемот чии приказни на тема идентитет ќе ги следите неделава. Можеби ќе помислите дека двете се од С. Македонија, но не е така.
#dw_BalkanBooster: Неискористен потенцијал
Образованието е оставено на амбициозните. Тоа сè помалку успева да гради независни млади луѓе со развиена критична мисла. #dw_BalkanBooster се сретна со студенти од Скопје и Тирана кои бараат поквалитетно образование и поголема културна размена.
Balkan Booster 4: Активни и покрај короната
Короната не го запре Balkan Booster! Проектот се одвива онлајн. Активни се и учесниците од претходните години.
Проблеми во рајот
С. Македонија и Албанија можат да се пофалат со еден заеднички бисер - Охридското Езеро. Но, во рајот има и проблеми.
#dw_BalkanBooster: Проблеми во рајот
Кога една земја би имала лична карта, во нејзините белези би влегле веројатно и природните убавини. Северна Македонија и Албанија можат да се пофалат со еден заеднички бисер - Охридското Езеро. Езерото важи за едно од најстарите во Европа и е заштитено од УНЕСКО. Но, во рајот има и проблеми. #dw_BalkanBooster
Играње видеоигри со часови... и денови
Реален или виртуелен свет? Каде јас сум навистина јас?
#dw_BalkanBooster: Играње видеоигри со часови... и денови
Реален или виртуелен свет? Каде јас сум навистина јас? Не мал број млади на Балканот радо се внурнуваат во виртуелната стварност преку видео игри. Но, видеоигрите не само што го обликуваат животот и нудат поинаква реалност, тие даваат и алтернативна историја на постоечката. Како, погледнете во видеото на Емилија Петреска и Кејди Демнери кои сретнаа видео-гејмер и видео-мејкер. #dw_BalkanBooster
#dw_BalkanBooster: Апликација за сексуално образование
Во недостиг на сексуално образование во училиштата, на Косово е креирана апликацијата „Shnet“ (во превод „Здравје“). Таа дава информации за анатомијата на половите органи, сексуалноста и родовиот идентитет и се нуди на три јазици - албански, англиски и српски. #dw_BalkanBooster Weniger anzeigen
Претходна страница
Страница 5 од вкупно 10
Следна страница