Загадувањето на морето не познава граници - но граници не познава ни неговото чистење! Најдобар пример за тоа е приказната на нуркачот од Неум, Анте Џоно. Тој и неговиот нуркачки клуб секоја година го чистат морското дно, а во тие акции, како што тој му раскажа на нашиот #dw_BalkanBooster тим, им помагаат и колеги од Метковиќ, Дубровник, Пелешец, па дури и антитерористичка единица од Загреб.