1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2015: терор во Европа

Бернд Ригерт/сн27 декември 2015

Десет години по последните големи напади во Лондон, во 2015 Европа доживеа тешка година на терор. Стотици загинаа: Французи, Турци, Руси. Последица е „војна“ против „Исламската држава“

https://p.dw.com/p/1HRGF
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina

2015. година како што започна така и заврши: со терористички напади во Париз. Истрелите го изрешетаа срцето на Париз. Цел беа сатиричниот весник Шарли Евдо и еден еврејски супермаркет. Убиени се 17 луѓе. Во неомври 2015. исламистичките терористи убија 130 луѓе во срцето на Париз и на стадионот „Стад де Франс“. Франција и цела Европа беа во шок. И додека во јануари францускиот претседател зборуваше за страшно варварство, на крајот на годината тој својата нација ја виде во војна со се’ посилната и помоќна Исламска држава, која дејствува во Сирија, Ирак и во северна Африка. „Тоа што се случи во Париз и на стадионот- Стад де Франс е објавување војна“, рече Оланд на 14. ноември. „Нацијата во војна сега мора да донесе вистински одлуки. Воениот акт го изведе терористичката армија Даеш ( Исламска држава), составена од исламисти. Ова е напад против Франција, против нашите вредности кои ги браниме во цел свет, против секоја слободна земја.“

Frankreich Terror in Paris Stade de France
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Alexandre

Нападите врз ИД засилени

Европските политичари ама и лидерите на државите од групата Г20, кои кусо по нападот во Париз се собраа во Турција, и’ ветија на Франција помош и солидарност. Поради тоа што Турција и Русија се истотака погодени со тероризам се создаде тешко замислива коалиција, која одлучи заеднички да се бори против Исламската држава. Во Сирија војната продолжи со несмалена жестина. Се појавија први знаци за можно политичко решение, но со исклучок на борбата против терористичката милиција ИД, САД, Русија, Саудиска Арабија, Иран, Франција и Турција во регионот следат сосема различни цели.

Германија се вклучува во војната

Колку е опасна ситуацијата стана видливо по соборувањето на рускиот борбен авион од страна на турската авијација. Двете страни си застанаа на патот за време на паралелните операции против цели во Сирија. Односите меѓу Русија и Турција се на тенок мраз, но натамошна ескалација беше спречена.

Deutschland Syrien-Einsatz Tornado Aufklärungsflugzeuge mit Tankflugzeug A310 MRTT
Фотографија: picture-alliance/dpa/Luftwaffe/U. Metternich

За Германија и другите европски сојузници како Велика Британија и Данска чукна часот да покажат солидарност на терен. Тие ставија на располаганје воздухопловни сили за војната против ИД. Канцеларката Ангела Меркел ѝ вети на Францијас неограничена помош.

„Ќе сториме сѐ , за да помогнеме во ловот на злосторниците и заеднички да ја водиме борбата против терористите“. Рече и по брза постапка во Сирија испрати разузнувачки авиони од типот Торнадо, една фрегата и летела за полнење гориво во воздух.

И Германија, предупредуваат безбедносните служби, одамна се наоѓа на нишан на терористите. На крајот од годината тоа е многу поизразено отколку претходно. „ Ние германските пријатели , се чувствуваме многу блиски до вас. Плачеме со вас“, им се обрати Ангела Меркел на Французите во ноември.

Paris Trauer nach Anschlägen 10.01.2015
Фотографија: David Ramos/Getty Images

Погодени во сржта

„Јас сум Шарли“. Со сочуствителната поддршка за слободата на мислењето луѓето во Франција и ширум светот ја искажаа својата волја да не потклекнат пред теророт. Иранскиот министер за надворешни работи од друга страна и натаму го критикуваше објавувањето на карикатури критични кон Исламот.

Малку непријатно изгледаше инсценираниот марш на солидарност на водечките политичари во јануари на една споредна улица во Париз, како што беше кажано, поради безбедносни причини. За разлика од нив еден милион луѓе маршираа низ Париз за поддршка на „Шарли Ебдо“- незаштитени. Во ноември таквите маршеви мораа да отпаднат, премногу опасна, премногу заканувачка , стана ситуацијата во меѓувреме. Наместо тоа чевли на Плоштадот на републиката. „Јас сум Париз“ гласи сега пораката.Полни жар Французите ја пееја „Марсељезата“ , нивната борбена химна. Само четири недели по теророт, на регионалните избори во Франција победи десно-популистичкиот Национален фронт.

Türkei Explosion in Suruc
Фотографија: Reuters/Stringer

Голем број напади во Европа

Покрај атентатите во Париз, Франција беше сцена и на повеќе помали напади. Во април една жена почина од куршумите на еден исламист кој планираше напад врз христијанска црква. Во јуни очигледно за малку не беше успешен нападот врз фабрика за гас во Лион. На едно лице таму му беше отсечена главата од страна на симпатизер на ИД. Во август исламистички атентатор во патнички воз на релација Амстердам- Париз беше совладан од храбрите патници пред да може да изврши напад со автоматско огнено оружје. На 18 ноември Евреин беше нападнат со нож среде улица.

Во Данска, пак во февруари при нападите врз културен центар и синагога загинаа две лица. Данците му објавија војна на теророт. Истотака во Берлин и во Лондон беа изведени напади со терористичка заднина. Меѓутоа посебно тешко беа погодени Турција и Русија. При нападите во Анкара и во Суруч како и во падот на рускиот патнички авион над египетскиот Синајски полуостров загинаа стототици луѓе. И за нивната смрт осомничени се радикалните исламисти.

Belgien Brussels Polizei Anti Terror EU Kommission
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Probst

ЕУ планира да ги заостри безбедносните мерки

Европската унија и вети на Франција воена солидарност согласно членот 42 од Лисабонскиот договор. Тоа досега не се има случено. Министите за внатрешни работи ветија подобра соработка на полицијата и тајните служби. Треба да следуваат поголем надзор на патниот сообраќај и на платниот промет. Меѓутоа мелниците на бирократите мелат полека, На почетокот на годината можеа да се чујат истите ветувања и барања како оние на крајот од годината. Спроведувањето на најавените мерки во практичното законодавство можат да траат со месеци, а понекогаш со години

Отворените внатрешни граници во Европа се најдоа под двоен притисок. Еднаш поради бегалците кои неконтролирано со месеци доаѓаа во Европа и вторпат преку сознанието дека терористите со нивните пасоши во ЕУ очигледно непречено можеле да патуваат или да се замешаат меѓу бегалските бранови, за да стигнат незабележани од Сирија во Франција. ЕУ има намера во иднина да ги зачувува и да ги проверува податоците за патниците во воздушниот сообраќај . Треба да биде создадена и заедничка служба за заштита на границите, зашто државите како Италија, Бугарија и Грција се преоптоварени во справувањето со бегалците.

Belgien: Sicherheitskräfte in Brüssel im nächtlichen Anti-Terror-Einsatz
Фотографија: Reuters

Белгија- терористички центар

Преоптоварен пак во справувањето со исламистите е и северниот сосед на Франција. Речиси сите траги од атентаторите во париските напади водат во Белгија. Во бриселската населба Моленбек, едно на белгиските власти одамна познато исламистичко упориште, очигледно биле подготвувани нападите. На белгиската полиција и успеа при операциите во јануари во Вервирс и во ноември во Брисел да уапси некои помагачи и да пронајде складишта со оружје. Но еден главнообвинет успеа да ѝ побегне. Во Брисел од безбедносни причини неколку дена беа затворени станиците на подземната железница, продавниците, училиштата и универзитетите. Но потоа неизбежно се врати секојдневието. Партиите спорат кој е виновен за недоволната интеграција на децата на муслиманските мигранти. Белгија се бори против тоа во безбедносната област да го стекне имиџот на пропадната држава-"failed state". На улиците на крајот од 2015 година, патролира војската. Но дали тоа ќе помогне за заштита од џихадистите?