1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Небесен спектакл: Целосно помрачување на сонцето

Сушмита Рамакришнан
8 април 2024

Милиони луѓе во Северна Америка денеска ќе посведочат на целосно помрачување на сонцето. Оние кои ќе го пропуштат ќе мора да чекаат до 2045 година за следното. Што треба да се знае за овој небесен феномен.

https://p.dw.com/p/4eWwV
Заштитни очила мора да се носат кога се гледа затемнувањето. Гледањето директно во Сонцето без заштитни очила ја оштетува мрежницата.
Заштитни очила мора да се носат кога се гледа затемнувањето. Гледањето директно во Сонцето без заштитни очила ја оштетува мрежницата.Фотографија: Francisco Canedo/Xinhua/dpa/picture alliance

Денеска околу пладне небото над делови од Северна Америка одеднаш ќе се замрачи за неколку минути. Причината за тоа е целосно затемнување на сонцетокое ќе започне во близината на Мазалтан во Мексико, па се до Монтреал во Канада и низ повеќе десетици сојузни држави на САД.  Појасот од кој ќе може да се посведочи овој феномен според НАСА е широк околу 115 милји. За милиони луѓе кои се наоѓаат таму, сонцето одеднаш ќе замрачи предизвикувајќи состојба налик на темнината пред изгревањето на сонцето. Граѓаните од Северна Америка кои ќе го пропуштат денешното затемнување, ќе мора да чекаат до 2045 година за следното.

Што се случува за време на целосно затемнување на сонцето?

Кога месечината поминува директно меѓу земјата и сонцето, блокира дел од светлината која инаку патува до земјата и фрла сенка на нејзината површина. Таквиот настан го нарекуваме тотално помрачување на сонцето.

Не е ништо поразлично од раката со која си фрламе сенка на лицето кога сакаме да го блокираме сонцето што зрачи директно во нас. Само што еклипсите се случуваат на многу поголемо космичко ниво. За време на помрачување набљудувачите може да забележат чудни сенки во форма на срп на патосот, нагло опаѓање на температурата и чудно однесување на животните и птиците.

Небесен спектакл во САД

Како да се набљудува помрачувањето?

Да се гледа директно во сонцето без специјализирана заштита за очите, не е безбедно и со и без затемнувањето. Директното сончево зрачење може да го оштети видот. Да се гледа сонцето низ леќата на камера, двоглед или телескоп без специјален соларен филтер веднаш ќе предизвика сериозна повреда на окото. Потребни се специјални очила за затемнувањето, оние кои го имаат кодот 12312-2 на Меѓународниот организација за стандардизација ИСО на внатрешната страна се побезбедни. Ако тоа е проблем може и дома да се направи едноставен проектор со која ќе може проекцијата на сонцето да се гледа на бел лист хартија.

Дали затемнувањето на сонцето е опасно?

Затемнувањето едноставно значи дека месечината се нашла на патот меѓу нас и сонцето, месечината фрла сенка и не создава нова или штетна радијација. Еклипсата не е некаков лош предзнак, туку сонцето и месечината што прават театар со сенки. Безбедно е да се движите надвор и за време на овој феномен. Воздушестиот прстен што се гледа за време на затемнувањето е само вообичаената сончева светлина.

Храната нема да ви се расипе за време на затемнувањето, може да готвите и да јадете. Нема никаква штета ниту за бремените жени.

Лесно ли е да се види сончева еклипса?

Целосно замрачување на сонцето се случува речиси на секоја година и половина до две, но многу од нив се над зафрлени и ненаселени места и од таму тешки за набљудување. Затемнувањето во 2024 ќе мине низ многу големи градови во САД како Далас, Лител Рок, Индијанаполис, Кливленд, Бафало и Бурлингтон. Колку долго ќе може да се гледа зависи од тоа од каде ја гледате. Според НАСА затемнувањето ќе биде видливо за околу четири до четири ипол минути на различните локации кои ќе ги зафати. Ако времето е доволно добро короната на сонцето, односно надворешниот слој од неговата атмосфера, ќе биде видлив од земјата за време на затемнувањето. Но, според прогнозите има голема веројатност да биде облачно што би можело да го помати погледот на еклипсата.

Некои делови од Њујорк, Вермонт, Мејн, и Квебек се очекува да имаат среќа со подобро време отколку јужните делови на патот на затемнувањето.