1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помрачување. Тотално!

СН/ агенции
3 јули 2019

Небескиот спектакл привлече научници и туристи од целиот свет во Чиле и во Аргентина. Конечно целосно затемнување на Сонцето може да се види прилично ретко

https://p.dw.com/p/3LUSP
Chile Sonnenfinsternis in Coquimbo
Фотографија: Reuters/R. Garrido

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена на небото над Кокимбо во северниот дел на Чиле, каде што природниот феномен можеше најдобро да се набљудува. Како што предвидоа метеоролозите, на небото немаше ниту едно облаче. Целосното затемнување на Сонцето настапи најнапред во близина на градот Ла Серена на чиеленскиот брег на Тихиот океан а потоа беше видлио во југоисточна насока речиси во цела Аргентина. Сенката на Месечината го целосно го прекриваше Сонцето нешто повеќе од две минути во кои среде ден владееше целосен мрак. Температурата во тие неколку минути се намали за три до четири Целзиусови степени.