1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалЕквадор

Еквадор: Затвореници киднапираа чувари во неколку затвори

ЕМФ / дпа
1 септември 2023

Во неколку еквадорски затвори се киднапирани чувари и полицајци, соопшти Службата за управување со затворите во Еквадор.

https://p.dw.com/p/4VqSO
Еквадор затвор киднапирање
Војници пред центар за малолетници во северниот дел на КитоФотографија: Rodrigo Buendia/AFP/Getty Images

Затвореници во Еквадор во свои раце држат околу 50 затворски чувари и седуммина полицајци. Претходно, безбедносните сили правеле претрес во повеќе затвори во потрага по оружје и други забранети предмети.

Во затворите во Еквадор постојано доаѓа до бунтови на затвореници и крвави судири помеѓу непријателски банди. Од 2021 година во затворите се убиени околу 430 затвореници. Многу од затворите се под контрола на криминални синдикати. Припадниците на безбедносните сили често се грижат само за тоа затворениците да останат во затворите, а помеѓу затворските ѕидови тие се оставени сами на себе.

Откако повеќе шефови на банди беа преместени во други затвори, пред канцелариите на Службата за управуивање со затворите експлодираа две автомобил-бомби. Повредени немаше.

Еквадор автомобил-бомба
Во средата и четвртокот во Кито експлодираа две автомобил-бомбиФотографија: Carlos Noriega/AP Photo/picture alliance

„Тие сакаат да ја заплашат државата за да нѐ спречат и натаму да ја играме улогата на безбедносни сили и полиција при контрола на овие затвори“, изјави министерот за безбедност Вагнер Браво за радиото ФМ Мундо.