1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чавков и Мисајловски - козметичко алиби на Груевски!

Катерина Блажевска13 мај 2015

Морален чин, козметички промени, добар предлог на премиерот, блеф, очајнички потег за политички спас на власта...-различни се рекциите во јавноста по оставките на двајцата владини министри и експресниот избор на нови

https://p.dw.com/p/1FPIi
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Делот од јавноста кој бара промена на власта поради индиции дека таа ги злоупотребува институциите на штета на правната држава, а во корист на лични интереси, не е задоволен од оваа мини реконструкција. Следбениците на владините политики, пак, гледаат нова енергија која ќе ја зацврсти власта на Груевски и единството во партијата. Трите оставки се практично првиот обид на Груевски да влезе во преговорите со опозицијата, вели комуникологот Никола Спасов.
„Сметам дека по оставките Груевски ќе бара топката да се префрли кај Заев, кој ќе треба под притисок на меѓународниот фактор да почне да размислува за политичко решение и некакво отстапки од ставовите, се‘ со цел излез од кризата. Мое мислење е дека ваквиот маневар на Груевски нема да вроди плод. Промените се повеќе козметички отколку суштински и мислам дека опозицијата, но и групата амбасадори нема да биде изиграна овој пат, и ќе треба да се случат посериозни промени за да се најде заеднички компромис за излез од длабоката криза“, оцени Спасов.

Ќе влезат во учебниците
Премиерот на собраниската седница на која беа констатирани оствките, рече Јанкуловска, Јанакиески и Мијалков нив ги поднеле за да придонесат за нормализација во државата и несакајќи да бидат причина за понатамошно продлабочување на кризата, вака премиерот Груевски го започна обраќањето на вонредната седница, која беше итно свикана на негова иницијатива.
„Се работи за личности кои дадоа огромен придонес во текот на својата работа. Тие останаа максимално професионални и покажаа огромен патриотизам во време на турбуленции и предизвивици во земјава. Од нив можеше да се научи како се бранат интересите, како се прават реформи во МВР. Секогаш цврсто беа зад интересите на својот народ. Успешни операции се изведоа во периодот на нивното работење. Заслужуваат почит и поради нивната одлучна борба против криминалот. Беа одлучни во намерата да ги исполниме нашите ветувања. Во нив имав и ќе имам огромна доверба“, рече премиерот.
Груевски додаде дека дел од акциите кои ги спровеле Јанкулоска и Мијалков ќе влезат во учебниците како пример за идните генерации, а благодарение на посветеноста на Јанакиески, градежништвото придонело најмногу за целокупниот раст на целата економија.
„Јанакиески многу ќе ни недостасува во Владата. Работеше и по 15 часа на ден. Тој беше дел од најкрупните реформи во Министерството за транспорт и врски, ќе остане запамтен, работник и пријател. Беше вистински стратег, министер кој остава зад себе многу дела и капитални проекти, истакна Груевски. Предлагајќи ги Чавков и Мисајловски за нови министри, тој рече дека станува збор за професионалци, без ниту една дамка, динамични и вредни.
„Убеден сум дека ќе дадат огромни резултати и ве повикувам да го прифатите мојот предлог, рече премиерот пред пратениците.
По пратеничката дебата за изборот на нови министри, Чавков и Мисајловски ја добија довербата од мнозинството пратеници, по што двајцата дадоа свечена изјава.

Мудар потег на власта
Аналитичари кои не сакаат јавно да ја коментираат оваа мини реконструкција, велат дека со овој чекор Груевски покажува дека е убеден во силата на аргументите и во поддршката што ја има кај граѓаните.
„Ова беше мудар потег. Сега, топката е префрлена во дворот на опозицијата. Таа сега треба да покаже одговорност, и ако навистина и‘ е целта излез од кризата, треба да се врати во парламентот“, велат тие. Други, пак се согласуваат дека оставките се морален чин, но потенцираат дека тие се задоцнети и може само да значат дека премиерот едни свои послушници ги заменил со други.
Професорот Нано Ружин смета дека трите оставки се голем настан во внатрешната политика на Македонија врз разни политички сегменти.
„Прво, за ВМРО-ДПМНЕ ова е голем и негативен настан бидејки и официјално е признато дека лицата кои дадоа оставка се најскандалозните лица одговорни за аферата за прислушување и за друг вид криминогени, политички, правни изборни и друг вид прекршоци. Ова ќе влијае и врз деморализација на членство на партијата. Оставките, особено ќе влијаат во МВР врз посамостојно и послободоумно расудување и дејствување на полицијата и нејзините припадници, но и пошироко - ќе охрабрат и дел од администрацијата, особено во судството. Опозицијата ќе добие многу повеќе енергија и желба за промени во очекување на паѓањето на Владата. Во меѓународна заедница постои извесно задоволство што процесот отпочна, кој ќе биде доста компликуван и долг“, вели Ружин.
Медиуми, пак, повикувајќи се на дипломатски извори, објавија дека со посредство на меѓународни претставници, премиерот иницирал формирање влада на широка коалиција, на чие чело би бил тој. Идејата била реконструираните министри, кои ќе ги има повеќе, да се заменат со министри од СДСМ и од други политички партии, по примерот на владата од 2001 година.
СДСМ, наводно се изјаснил дека не отстапува од барањето Никола Груевски да поднесе оставка, а потоа да се формира техничка или преодна влада, која во период од шест месеци до една година ќе организира демократски избори.
А на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, бил донесен заклучок за формирање на Анкетна комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори.
„Анкетната комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на СДСМ и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од меѓународната заедница. Со Анкетната комисија ќе претседава пратеник од опозицијата“, се вели во соопштението.

Nikola Gruevski Premierminister Mazedoniens 19.06.2014
Иницирана Анкетна комисијаФотографија: MIA
Mazedonien Sasho Mijalkov Geheimdienstchef
Премиерот Груевски со пофални зборови за Јанкулоска и МијалковФотографија: DW/P. Stojanov
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема