1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција избира нов претседател

Александар Методијев/ап/ројтерс10 август 2014

Турците денеска (10.08.) гласаат на првите директни претседателски избори. Претседателот досега беше избиран во Парламентот. Премиерот Ердоган, кој доминира во политиката цела деценија, сака да стане претседател.

https://p.dw.com/p/1Cs2p
Фотографија: picture-alliance/AA

На Реџеп Таип Ердоган се гледа како на политичар со најголеми шанси да го наследи Абдула Ѓул. Ергодан во моментов го извршува неговиот трет премиерски мандат и сака да добие петгодишен претседателски мандат. Но, тој е контроверзна политичка фигура во Турција. Неговите поддржувачи на Ердоган гледаат како на човекот кој ја водеше земјата низ тежок период кон економски просперитет. Но, неговите критичари го опишуваат Ердоган како автократски лидер, кој е фокусиран на концентрирање на власта и кој се труди да ги наметне неговите религиозни и конзервативни ставови.

Не смее уште еден премиерски мандат

Партиските правила не му дозволуваат да извршува уште еден премиерски мандат. Затоа тој се кандидираше за претседател на државата. Во таа трка има двајца противкандидати.

Türkei - Premierminister Recep Tayyip Erdogan
Критичарите велат дека Ердоган ќе ја води земјата далеку од секуларните идеали на Мустафа Кемал АтатуркФотографија: picture-alliance/dpa

Негов главен предизвикувач е Екмеледин Ихсаноглу – 70-годишен академик и поранешен шеф на Организацијата за исламска соработка, кој има поддршка од неколку опозициски партии, вклучувајќи ги и двете главни: просекуларната и партијата на националистите.

Третиот кандидат е 41-годишниот курдски политичар Селахатин Демиртас – ѕвезда во подем на курдската политичка сцена.

53 милиони гласачи

Право на глас на претседателските избори во Турција имаат 53 милиони избирачи. За победа е потребно апсолутно мнозинство. Ако ниту еден од кандидатите не освои доволно гласови, втор круг избори ќе биде одржан на 24 август. Тогаш за претседателската функција ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу освоени гласови во првиот изборен круг.

Се проценува дека Ердоган ќе ја однесе победата и на овие избори, бидејќи неговата Партија на правдата и развојот (АКП) победи на локалните избори одржани во март годинава, освојуваќи околу 43 проценти од гласовите. Сепак е нејасно дали Ердоган ќе успее да избегне соочување во втор круг. Со изборот за претседател нему ќе му се исполни сонот за она што го нарекува „нова Турција“, а опозицијата го оценува како авторитарна власт и поларизиран народ.

Стравувањата на критичарите се дека Ердоган ќе ја води земјата далеку од секуларните идеали на основачот на турската република Мустафа Кемал Ататурк.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема