Црвенковски не оди кај Иванов
18 март 2011„Немам намера да учествувам во меѓупартиските пазарења на владеечката коалиција“, реaгираше денеска Бранко Црвенковски. Во изјавата тој изрази вчудоневиденост од идејата за ваков формат на лидерско соочување, за прв пат со овој тип на политички дијалог власт-опозиција. На овој начин Црвенковски останува доследен на барањата, по бипартиското соочување со ВМРО-ДПМНЕ, во вторникот, за време на викендот, да се вклучат и другите доминантни парламентарни партии, во најмалка рака со ДПА и Нова демократија.
Премиерот напладне ги избегна новинарските прашања
Триесеттина детални барања за конкретни изборни правила, за што се спореа Груевски и Црвенковски , во вторникот на нивната билатералната бсредба, дали се клучни само четири политичко-правни приоритети од СДСМ, што генерално се неприфатливи за владеечката партија, или ќе се изведе само избор на претседател на ДИК, во понеделник, со учество на ДУИ, а потоа детализирано усогласување на условите за распишување и организирање предвремени парламентарни избори? Ова само навидум е стеснет збир на предлози, што во основа ќе ја реши или прошири криза во политичкиот дијалог и взаментата недоверба пред изборите?
Спикерот Вељановски го одложи парламентарното изјанување - Борис Кондарко да биде нов шеф на централната изборна комисија и побрза, со писмено соопштение да се огласи со уверување дека лидерите, вечерва во вилата на Водно, ќе постигнат согласност .
Бојкотот не е решение, велат експертите
Последната средба на лутите ривали , челниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заврши со взаемни закани – бојкот и на изборите ако не се прифатат идеите на социјалдемократите за фер и демократска процедура, изјави Црвенковски. Вонредно тестирање на електоратот, во мај и по цена да не учествува опозицијата, се закани Груевски.
„Бојкотот не е решение во партиските пресметки, тоа им штети на заговорниците на овој метод на битка за гласови или доверба кај електоратот, но и нанесува штета и на државата, во очите не европската демократска јавност“, изјави професорот Звонко Јанкуловски на една јавна трибина околу изборниот бојкот, што како опција во јавноста го тркала сдсмовската партиска елита.
Според дел од експертската јавност нема голем политички и маневарски простор за компромис, а тој е нужен и очекуван , смета Патар Арсовски политички аналитичар.
„Постои интерес и кај едните и кај другите да се оди на избори, прашање е на терминот, условите на изборната процедура и другите прашања, чистењето на избирачкиот список, судбината на пописот“, смета Арсовски.
Барања за изборните и од другите партии
Аналитичарот Муслиу го запрашавме верува ли во позитивна разврска „ Да, под услов партиите да сфатат дека одењето во недоглед на оваа ситуација или позиционирање во пат ситуација, не оди во корист на демократските правила, ниту на заговорниците или приврзениците за вонредни избори“, ни одговори Алберт Муслиу од граѓанскиот сектор за активности во мултиетничките средини.
И кај дел од другите парлементарни партии, пред се ДПА и НД има по некој мини-пакет од барања, иако тие на беа повикани на средба кај претседателот Иванов, која очигледно по откажувањето на учеството на шефот на СДСМ Црвенковски и нема да се одржи.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Симе Недевски