1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До каде е сега дијалогот власт- опозиција?

16 март 2011

Средбата на лидерите на најголемите македонски партии од власта и од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Груевски Црвенковски заврши без конкретен напредок. Фронтовите за некои спорни прашања и натаму остануваат.

https://p.dw.com/p/10ZkI
Бранко Црвенковски и Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

Десет часови дебата за повеќе од 30 барања од опозицијата. За најголемиот дел од таканаречените технички прашања на изборната процедура има взамена согласност, па сепак, нема позитивен исход од бипартискиот дијалог Груевски- Црвенковски. Власта предложила динамиката на промени да стартува со денешниот избор на претседател на ДИК, верификација на комисија за прочистување на избирачките списоци и потоа до 10 април распуштање на парламентот, со извесност дека до почетокот од јуни ќе има вонредни избори.

Mazedonien Wahlen 3
Предвремените избори и натаму без конкретен временски планФотографија: DW

Нема согласност за три прашања


Лидерот на опозицијата Бранко Црвенкоски синоќа оцени дека нема согласност околу три спорни прашања- партиското учество во избирачките одбори важни за регуларноста на гласањето и пребројувањето, периодот за прочистување на списокот на електоратот, но и проценката за обидот на власта, пред изборите, да се затворат критички настроените медиуми и весници, поврзани со ТВ А1.

„Токму за составот на избирачките одбори не се договоривме, зашто СДСМ бара решение тие да бидат составени по двајца партиски членови и претседател од државаната администрација. Истовремено неможе да дозволиме критички настроените медиуми кон власта, пред изборите да бидат затворени. Тое е цел на оваа Влада, политички мотивиран пристап, иако ја подржуваме акцијата против криминалот и секој за него треба да одговара, ако има докази“, изјави Бранко Црвенковски .

Груевски: Опозицијата бара начини да не оди на избори

За премиерот Никола Груевски поплавата од пермантно продуцирање нови барања за време на вчерашниот дијалог на партиското лидерство на СДСМ е страв од исходот, пораз и на овие избори. „СДСМ бара начин како да го развлече периодот за промените на изборните правила, да се распушти парламентот и што е можно подоцна да се случат превремените избори, по можност и да не се одржат, зашто судејќи по расположението во електоратот тие и натаму ќе останат опозиција“.порача Груевски.

Mazedonien Das Parlament in Skopje
Во македонското собрание денеска треба да се избере претседател на ДИКФотографија: Petar Stojanovski

„Ние остануваме на одлуките за бојкот на парламентот и изборите ако власта и опозицијата не се усогласат“, потврди Црвенковски. “Ние ќе исполниме што е можно повеќе од барањата на СДСМ, а потоа нивна е одлукта. Ние ќе одиме на избори и без нив“, реплицираше Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Тест за дијалогот денешниот можен избор на шеф на ДИК

И покрај сеуште поларизираните становишта околу условите за фер и демократски избори, како и промена на легеслативата, не се исклучени нови средби, веројатно и во проширен формат, со албанскиот политички фактор, зашто некои прашања неможе да се затворат без негова согласност. Тоа особено важи за 10 дополнителни пратенички мандати , со етничките квоти, за Турците, Србите Ромите, Бошњаците, на што вето има кај ДУИ, ако тие не се искклучат од гласањата според бадентеровиот принцип.

Тест за новиот можен дијалог власт- опозиција ќе биде денешниот собраниски ден. Со евентуалниот избор на Борис Кондарко (СДСМ) за претседател на ДИК и прелиминарно усвојување на промените во изборниот законик, за што нема согласност од опозицијата кај албанскиот електорат, пред се’ кај тандемот Тачи-Селмани, сосотојбите ќе се комплицираат и опозицијата останува надвор од парлементот. Владејачката ДУИ инсистира одлуката за распуштање на парламентот, како и рокот за вонредни избори да се донесе со полн законодавен капацитет.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема