1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Уапсени родителите на осомничениот убиец во Мичиген

Анамарија Зигрист
4 декември 2021

Петнаесетгодишникот кој во Мичиген уби четворица ученици е во истражен затвор, додека неговите родители, на кои исто така им се префрла вина, беа во бегство. Тие сега се уапсени во Детроит.

https://p.dw.com/p/43puz
USA | James Crumbleyand und Jennifer Crumbley
Фотографија: Oakland County Sheriff's Office/AP/picture alliance

Неколку дена по нападот што 15-годишник го изврши во училиште во американската сојузна држава Мичиген, во кој беа убиени четворица ученици, денеска се уапсени родителите на напаѓачот. Џејмс и Џенифер Крамбли се уапсени во фабричка зграда во Детроит, соопшти полицијата. Апсењето минало без инциденти. Возило кое беше доведено во врска со брачната двојка беше лоцирано вчеравечер во Детроит. Џејмс и Џенифер Крамбли се уапсени нешто подоцна и би требало да бидат транспортирани во затворот во Оукленд Каунти.

Родителите се соочени со обвиненија за убиство без предумисла во четири случаи, соопшти обвинителката Карен Мекдоналд. Таткото го купил оружјетозаедно со синот четири дена пред нападот. Мајката на онлајн-платформи го опишувала полуавтоматскиот пиштол како „божиќен подарок“ за синот. Родителите по нападот во училиштето беа во бегство.

USA 15-Jähriger erschießt an Schule in US-Bundesstaat Michigan drei Mitschüler
Ужасеност по нападот во Оксфорд, каде беа убиени 4 деца, а повредени седум лицаФотографија: Eric Seals/AP Photo/picture alliance

Со обвинението против Џејмс и Џенифер Крамбли треба „да се повикаат на одговорност оние кои придонесле за трагедијата и треба да се испрати порака до сопствениците на оружје дека имаат одговорност“, изјави обвинителката.

USA I Amoklauf an Highschool in Michigan | Karen McDonald
Родителите се соочени со обвиненија за убиство без предумисла во четири случаи, соопшти обвинителката Карен МекдоналдФотографија: Carlos Osorio/AP Photo/picture alliance

Напаѓачот во малото гратче Оксфорд, источно од Детроит, во вторникот уби четири деца на возраст помеѓу 14 и 17 години, а повреди седум лица. Тој не пружал отпор при апсењето. Обвинет е за четирикратно убиство и тероризам. На тинејџерот треба да му се суди според кривичниот закон за возрасни. Тој е соочен со доживотен затвор.