Тинејџер во Мичиген уби тројца соученици
1 декември 2021Инцидентот се случи во средно училиште во малото гратче Оксфорд, на околу 65 километри северно од Детроит. Убиени се едно 16-годишно момче и две девојчиња на возраст од 14 и 17 години, а повредени се уште осум лица, меѓу кои и еден наставник. Според полициски наводи, ученикот испукал најмалку 15 куршуми од полуавтоматско оруќје. Бил уапсен пет минути по добивањето на првиот итен повик во полицијата.
„При апсењето немаше отпор“, објасни полицијата и наведе дека во моментот на апсење осомничениот го имал оружјето кај себе и не бил повреден. „Осомничениот побара адвокат и не даде објаснување за мотивот.“ Шефот на полицијата во округот Мајкл Меккејб зборуваше за „многу трагична ситуација“. „Имаме многу загрижени родители.“
Во училиштата во САД постојано има напади со огнено оружје. Споредено со претходните години, ситуацијата во 2021-ва е нешто подобра. Нападот во Оскфорд, според наводи на организацијата Everytown For Gun Safety е досега најтежок вооружен инцидент во едно американско училиште годинава.