1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руските параолимпијци без учество во Рио!

СН/дпа/ртр/сид23 август 2016

Параолимписките игри во Рио де Женеиро ќе се оддржат без учество на руски спортисти. Меѓународниот спортски суд ја потврди комплетната суспензија на руските спортисти поради аферата со државниот допинг во Русија.

https://p.dw.com/p/1Jnco
Фотографија: picture-alliance/CITYPRESS24

Судот за спортска арбитража во Лозана (КАС) ја потврди забраната за параолимпискиот тим од Русија за учeство на Игрите во Рио де Женеиро поради систематскиот допинг во земјата. Спортистите од оваа земја нема да можат да настапуваат на Паролимписките игри кои се на програмата од 7. до 18. септември. Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) ја суспендираше Русија од Игрите во Рио, по што следеше руска жалба во КАС, но и таа сега е одбиена.

Одлуката на ИПЦ да го забрани учеството на Русија е „пропорцијална во дадените околности, додека Рускиот параолимписки комитет не поднесе никаков доказ спротивен на тврдењата на ИПЦ“, стои во соопштението на КАС, кое ќе биде во целост објавено во текот на денот.

CAS in Lausanne
Судот за спортска арбитража во Лозана (КАС)Фотографија: picture-alliance/dpa/Frank May

Во соопштението се наведува дека Рускиот параолимписки комитет не приложил ниту еден документ кој противречи на фактите изнесени во Меклареновиот извештај, во кој е откриен и објаснет систематскиот допинг во Русија. Во меѓувреме, во Русија е започната петиција ИПЦ да ја промени својата одлука.

„Веруваме оти одлуката да се суспендираат параолимпијците од натпреварот и да имаат колективна одговорност за прекршоци кои не ги сториле е против основните принципи на меѓународното право и на европските вредности“, стои во петицијата.

Одлуката на Судот за спортска арбитража (ЦАС) да се придржува до забраната за учество на Русија на Параолимпијадата во Рио покренува сериозни прашања од аспект на човековите права, гласеше пак реакцијата на руското Министерството за надворешни работи која ја цитираше новинската агенција РИА. И рускиот министер за спорт Виталиј Мутко ја осуди одлуката на КАС за отфрлање на жалбата против забраната на Русија да учествува на Параолимпијадата во Рио како политичка .

Vitaly Mutko Sportminister Russland
Рускиот министер за спорт Виталиј МуткоФотографија: Reuters/M. Shemetov

„Одлуката не е во правен домен“, го цитираше агенцијата ТАСС Мутко. „Тоа е повеќе политичка отколку правна одлука. Нема причина за отфрлање на жалбата, но тоа се случи.“, рече Мутко.

На Олимписките игри во Рио де Женеиро немаше комплетна атлетска репрезентација поради допинг.