1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува евровизиското шоу

10 мај 2011

Позитивна тензија до максимум - денеска (10.05.) во Диселдорф се одржува првото полуфинале од Изборот на песна за Евровизија.

https://p.dw.com/p/11CZQ

Жешката фаза почнува - вечерва ќе биде избрана речиси половината од учесниците во евровизиското финале во сабота. Денеска на бината ќе излезат претставниците на 19 земји, од кои десет ќе се пласираат во финалето. Вторите десет финалисти ќе бидат избрани в четврток (12.05). Германија не само што е домаќин, туку како еден од најголемите финансиери на музичкиот спектакл, се пласира директно во финалето. Лена и "Taken By A Stranger" се германскиот адут. Македонскиот претставник, Влатко Илиевски, ќе се обиде во второто полуфинале, во четврток, да ги освои срцата на гледачите и да се пласира натаму. Неговата „Русинка“ е единаесетта по ред.

Евровизијата се одржува во „Есприт Арена“ во Диселдорф
Евровизијата се одржува во „Есприт Арена“ во ДиселдорфФотографија: DW

Кој од учесниците во двете полуфинални вечери ќе пее во финалето одлучуваат гледачите пред малите екрани и жиријата во одделните земји. Инаку, шоуто ќе го води триото - Штефан Раб, продуцент и еден од најпознатите шоумени во Германија, потоа комичарката Анке Енгелке, како и спикерката на вестите на јавниот радиодифузен сервис, Јудит Ракерс.

Автор: ЕМФ/ТТ/дпа

Редактор: Борис Георгиевски