1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Влатко има добри шанси за влез во финалето

4 мај 2011

Во арената во Дизелдорф започнаа официјалните проби за Евровизија. Денеска (04.05) на ред беше македонскиот претставник, Влатко Илиевски, кој со песната „Русинка“ ќе се натпреварува во второто полуфинале, на 12 мај.

https://p.dw.com/p/118xR
Фотографија: DW

„Пробата помина одлично“, задоволен е Влатко. Тој и неговиот тим денеска првпат заеднички ја изведоа песната на сцена. „Сите коцки се склопија“, вели тој.

Тоа што особено ги интересираше новинарите во Дизелдорф е зошто претставникот од Македонија пее за Русинка. Некои нагаѓаат дека станува збор за автобиографска приказна, други, пак, дека тоа е обид да се обезбедат гласови од земјите од Источниот блок. Вистината ја знае само Влатко:

„Јас не сум автор на песната, случајно е направена“, вели тој, но признава дека не би било лошо, доколку наиде на добар прием во Русија и нејзините соседи. „Песната има интересна приказна - Македонец пее за Русинка“, додава македонскиот претставник.

Flash-Galerie Vlado Ilievski
„Сите коцки се склопија“, вели Влатко по пробатаФотографија: EBU

Можност за промоција

Со педесет илјади гледачи во салата во Дизелдорф и милиони пред малите екрани, Евровизија несомнено претставува одлична можност за промоција. Влатко е среќен што може да ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во Германија и се надева на лична промоција пред балканската, но и европската публика.

За време на првата официјална проба на македонската репрезентација во Дизелдорф беа присутни и новинари и фанови од другите земји. По првото слушање, еве како тие го оценуваат настапот на Влатко и неговите шанси за пласман во големото финале:

„Одлично, енергијата на сцена е одлична и кореографијата е фантастична. Сигурно ќе влезе во финалето“, вели еден од присутните од Велика Британија.

„Има необичен глас, а ми се допаѓа и кореографијата. Морам да ја слушнам песната уште еднаш за да одлучам, меѓутоа мислам дека има добри шанси да влезе во финалето“, вели друг евровизиски фан од Шкотска.

„Мислам дека беше кул, убаво беше да се гледа. Најмногу ми се допадна кога со мегафонот се спушти меѓу публиката“, вели уште еден од присутните.

Останува да се надеваме дека на 12 мај нивните прогнози ќе се исполнат.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска