1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски ги посоветувал Македонците да не бојкотираат

4 октомври 2011

Делегацијата на Македонците на средбата во Тирана, со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, го запознала со проблемите со кои се сочуваат во Албанија, почнувајќи од пописот, до образованието и културата.

https://p.dw.com/p/12lA9
Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола ПопоскиФотографија: Petr Stojanovski

„Ние разговаравме за нашите проблеми тука во Албанија, на Македонците во подрачјата Гора, Голо Брдо, Преспа и во градовите во Албанија, за пописот, за албанските закони со кои ни претат  со казна од илјада долари ако не се поишиме како Албанци. Ние му кажавме дека сме Македонци со мајчин македонски јазик. Го запознавме со тоа каква е ситуацијата овде, во Албанија, дека имаме заеднички став со другите малцинства да го бојкотираме пописот. Тој ни рече да не бојкотираме, за што немало да има казни“, изјави Аднан Ќејвани, претседател на македонското друштво „Гора“ и потпретседател на македонската партија, кој ја предводеше делагацијата.

Каковекор ќе преземат ќе се договорат допонително, зашто и шефот на државата Бамир Топи на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов вети дека нема да има казни за спорниот член 20 иако обжален и на Уставен суд, се’ уште стои во законот за попис. Ќејвани изјави дека министерот Попоски го запознале и со проблемите околу одржувањето на курсеви на македонски јазик за децата на Македонците и непоколебливиот став тие да се одржуваат во повеќе места во Албанија, барањата  за образование на сите нивоа на мајчин јазик, потребата за повеќе културни настани со уметници од Македонија а побарале поголема помош и подршка од македонската влада.                    

Edmond Haxhinasto
Албанскиот министер за надворешни работи, Едмонд ХаџинастоФотографија: DW/A.Shuka

Македонците не веруваат во изјавата на Хаџинасто за реален попис

Претставниците на Македонците во Албанија не веруваат во тврдењето на шефот на албанската дипломатија Едмонд Хаџинасто дека во неговата земја се спроведува попис според европски стандради и оти ќе биде во согласност со реалната состојба на терен кога станува збор за бројот на македонското и другите малцинства.

„ Не веруваме во изјавите на министерот Хаџинасто дека Албанија ќе спроведе попис според европски стандарди затоа што ако Албанија сакаше да направи попис по европски стандарди ќе ги вклучеше малцинствата во целиот процес на пописот, со наши членови во комисиите од централно до регионално ниво, со наши попишувачи и ќе овозможеше нормални услови  за секој да ја декларира својата етничка припадност без страв дека ќе се казни со илјада долари ако се декларира како неалбанец“ , изјави Васил Стерјовски од партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција.

Вчера, шефот на албанската дипломатија Едмонд Хаџинасто по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски, на заедичката прес конференција во Тирана, во врска со бојкотот на пописот од страна на Македонците во Албанија, дал гаранција дека пописот се спроведува според европските стандарди и оти резултатот ќе биде во согласност со реалната состојба и ветил дека нема да има казни.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Симе Недевски