1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема да успееме!

Александер Кудашеф / превод: ЕМФ31 август 2016

Пред точно една година ја изрече познатата реченица: „Ќе успееме!“. Ангела Меркел ги отвори ширум портите и им посака добредојде на стотици илјади бегалци. Александер Кудашеф оценува: Нема да успееме!

https://p.dw.com/p/1JspS
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Weigel

Нема да успееме, затоа што ние не знаеме што сакаме да постигнеме. Сакаме само да ги сместиме луѓето или истовремено и да ги интегрираме? Затоа што ние не знаеме кога може да констатираме: успеавме. По повеќе од 25 години обединетост, сѐ уште премногу Германци велат не сме навистина обединети. Затоа што задачата ја сфаќаме само технички, а не и културно, значи - со прифаќање на разликите. Намесо тоа, веруваме дека бегалците го решаваат нашиот демографски проблем.

Од бегалците правиме доселеници

Нема да успееме затоа што не разбираме дека доселеникот во просек е поконзервативен и порелигиозен од нашето модерно општество. Затоа што и не насетуваме какви напори се неопходни за луѓето кои доаѓаат од други култури да се претворат во домашно население. Затоа што ние додуша имаме убав збор татковина, но доселениците ретко имаат чувство дека тоа може да биде и нивна татковина - јазично, културно и политички. Затоа што не сме доселеничка земја, што значи дека сметаме оти со луѓето кои доаѓаат кај нас мора да се однесуваме не рационално, туку честопати - емоционално.

И, затоа што не избираме доселеници, туку само ги примаме

Затоа што имаме нарушен однос кон сопствената нација, па затоа и немаме и не зрачиме со доверлива позитивна слика за нас самите. Поинаку кажано, немаме водечка култура, затоа што имаме раскината татковина.

Kudascheff Alexander Kommentarbild App
Александер Кудашеф, главен уредник на ДВ

Затоа што и покрај сѐ што зборуваме не сме ориентирани кон тоа да станеме шарена република, како што тоа понекогаш воодушевено го опишува нашиот сојузен претседател. Затоа што интеграцијата ќе биде задача на векот, која ќе се протега преку три генерации, а ние пред овој предизвик ги затвораме очите. Затоа што многу доселеници од Сирија или Авганистан нема да успеат, поради тоа што не ѝ се дораснати на индустриската високоефективна држава Германија - не се дораснати на нејзините барања и темпо. Затоа што многу доселеници , мерено според наш урнек, не можат и не знаат доволно.

Затоа што „ќе успееме“ во најдобар случај е е само фраза која вели: оптимист сум! Затоа што оптимизмот не е главна одлика на Германците, туку е тоа повеќе стравот. И, затоа што еден ден ќе велиме дека сме успеале, иако не сме успеале.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема