1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лоја Џирга им постави десетици услови на Американците

19 ноември 2011

Собирот на авганистанските старешини, таканаречениот Лоја Џирга, денеска (19.11) заврши со согласност за долгорочно партнерство со САД, но под определени услови. Листата со услови е долга.

https://p.dw.com/p/13Dfg
Лоја Џирга се собира само по потреба, за особено важни прашањаФотографија: DW

Партнерство со Американците е неопходно заради „подобра безбедност“ во Авганистан, се вели во завршната декларација од собирот на Лоја Џирга во Кабул. Делегатите ваквото партнерство го условија со повеќе од 50 барања. Меѓу другото, се бара прекин на претресите на куќи од страна на странските сили и прадавање во авганистански раце на сите затвори и затвореници во земјата. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека условите поставени од Лоја Џирга ги разбира не како „препорака“, туку како нешто што за неговата влада е обврзувачки.

Четиридневниот собир на племенските старешини заврши без инциденти, а се одвуиваше под огромни мерки за безбедност, поради тоа што талибанците се заканија со напади. Тие се стриктно против стратешки договор со САД. Тој договор би требало да им овозможи на Американците, меѓу другото, користење на воените бази во Авганистан по повлекувањето на меѓународните сили ИСАФ од земјата во 2014 година. Лоја Џирга побара стационирањето да се ограничи на десет години, значи до 2024 година. Освен тоа, старешнините се заложија за продолжување на мировниот процес со талибанците, кој досега е безуспешен.

Guido Westerwelle zu Besuch in Kabul Afghanistan
Гидо Вестервеле во КабулФотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, кој е во посета на Кабул, изненадувачки имаше и средби со делегати на Лоја Џирга. Тој вчера имаше средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кому му вети германска поддршка во периодот по повлекувањето на ИСАФ. Германија, со околу пет илјади војници во Авганистан, има трет по големина контингент во таа земја. Повлекувањето на Бундесверот треба да почне во наредните недели. За една година германските трупи би требало да бидат редуцирани за околу 500 војници.

Автор: Е.М.Фиданоска/дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска