1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Шенген или бодликава жица?

Роберт Шварц / Е.М. Фиданоска17 февруари 2016

Најавената политика на бодликава жица на Вишеградската група предизвикува вознемиреност во Шенгенската зона. Како во дебатата за бегалците размислуваат ЕУ-државите кои не се дел од Шенген - Романија, Бугарија и Хрватска?

https://p.dw.com/p/1Hwap
Фотографија: picture-alliance/dpa/Z. Gergely Kelemen

Четирите држави од Вишеградската група - Полска, Словачка, Чешка и Унгарија, во моментов се најжестоки критичари на политиката кон бегалците која германската канцеларка Меркел консеквентно ја спроведува во ЕУ. Тие и натаму одбиваат распределба на бегалците во ЕУ по принцип на квоти и се закануваат со тотална изолација преку нови бодликави жици на своите граници. Во тоа би требало да помогнат и Бугарија и Македонија, кои израизја подготвеност за подигање огради на своите граници со Грција, доколку Атина не успее да ја стави под контрола бегалската криза.

Домино-ефектот од ваквите мерки е видлив: не само што Грција би била практично „исклучена“ од Шенгенскиот простор, туку и Шенгенскиот договор генерално би бил шкарт. За трите најмлади централноевропски членки на ЕУ - Хрватска, Бугарија и Романија тоа, чисто технички погледнато, сѐ уште не би значело катастрофа, зашто тие сѐ уште не се дел од „Шенгенскиот клуб“.

Подготвеност за затворање на границата

Хрватска во текот на изминатото лето побара прием во Шенгенскиот простор. Во Брисел се вели дека земјата може да смета со такво нешто најрано во 2017 година. Во Хрватска за оваа тема не се дискутира особено интензивно. Многу поголема улога игра политиката на бодликави жици на соседните држави: „Ако Словенија и Австрија ги затворат границите, тое ќе го сториме и ние“, објаснуваше во јануари Томислав Карамарко, лидер на владејачката конзервативна партија ХДЗ. Карамарко нагласи дека ќе мора да бидат применети истите методи и средства како во соседните земји, но дека за тоа ќе се разговара со нашите партнери во ЕУ“. Хрватска, според него, не смее да стане „слепо црево на Европа“.

Во Бугарија и Романија дискусијата околу Шенген игра многу поголема улога. Најголемиот дел од луѓето во овие земји поради долгиот статус на кандидати за Шенген се чувствуваат како ЕУ-граѓани од втор ред. Но, токму ваквиот статус најверојатно ѝ помогна на Романија да остане поштедена од заострување на бегалската криза, оценува Силвиу Михаи во една актуелна студија на фондацијата „Фридрих Еберт“. Земјата не е омилена кај барателите на азил, поради тоа што романската дозвола за престој по правило не важи за земјите од Шенгенскиот простор.

Атрактивноста на Бугарија кај барателите на азил е слична, но, за разлика од Романија, Бугарија е една од транзитните држави на т.н. Балканска рута. На границата со Турција таа има ограда уште од 2014 година, а сега, според желбата на земјите од Вишеградската група, би требало да следува и втора ограда, на границата со Грција. Бугарија за таа цел би требало да добие финансиска и персонална поддршка.

Grenze Ungarn - Serbien - Flüchtlinge
Бегалци на унгарско-српската граница, 27.08.2015Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Ujvari

Шенген - делче по делче

Со своето позиционирање по прашањето на бегалците Бугарија и Романија се надеваат на брзо „средување на сметките“ со Брисел. Двете земји од своето приклучување на Унијата во 2007 година се под строг мониторинг во сферата на правосудството и борбата против корупцијата. Пред утрешниот самит на ЕУ, претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер на романскиот премиер Дачијан Чиолос му вети дека контролниот механизам ќе биде укинат уште за време на мандатот на неговата Комисија, значи најдоцна до 2019 година. Бугарија и Романија, се разбира, се надеваат дека тоа ќе се случи и побрзо и темата ја третираат како предмет на преговори во актуелната дебата за бегалците.

И во досието „Шенген“ се шпекулира отворено околу делумно решение за Бугарија и Романија: да бидат вклучени аеродромите и пристаништата, а потоа како втор чекор да следуваат границите на земја. Однесувањето на двете држави по прашањето на бегалците би можело да влијае и врз одлуката за ова прашање. Притоа, Бугарија очигледно бара поддршка од Вишеградската група и некритички се согласува со таквата политика. Романија одбива политика на бодликави жици, но не сака и безусловно да го прифати принципот на квоти кој го бара германската канцеларка.

Deutschland Dietmar Nietan SPD Abgeordneter
Дитмар Нитан: Неопходна е сплотена ЕУ, без егоизмиФотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Против „политика на нови огради“

Канцеларката Меркел на самитот на ЕУ ќе мора да бара поддршка за европско решение со тактиката на „морков и стап“. Во Брисел постојано се слушаат гласови кои потсетуваат дека многу источноевропски држави се вбројуваат во најголемите нето-приматели на пари од ЕУ. Токму овие земји, меѓутоа, сега се противат да примат бегалци. Заканата со санкции за овие земји сепак би била погрешен пат, оценува пратеникот на СПД во Бундестагот, Дитмар Нитан во развор за ДВ.

„Ако сакаме солидарно решение по прашањето на бегалците, тогаш не смееме да се закануваме со стравови“, нагласува Нитан, кој е член на Комисијата за надворешна политика во парламентот. Пред почетокот на ЕУ-самитот тој пледира за наоѓање заедничко европско решние за бегалците. „Подигање нови огради, како во моментв во некои европски земји, не е вистинскиот пат“, уверен е Нитан. Сега е неопходна силна, сплотена ЕУ без егоизми.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема