1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски предложи: 5 јуни ден за избори

30 март 2011

По најавата на опозициската СДСМ за откажување од барањата со кои го условуваше одржувањето на предвремените избори, премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговори со предлог- датум за гласање.

https://p.dw.com/p/10kH1
Фотографија: DW

ВМРО-ДПМНЕ предлага 5 јуни да биде ден за избори. Тие ќе бидат фер и демократски зашто се без алтернатива на демократскиот прогрес. Ова денеска го објави премиерот Никола Груевски кој и порача на македонската јавност дека ќе се соочи со избор меѓу напредокот и транзицијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша зошто на Црвенковски му требало толку време на деструкција, гнев и омраза за да се врати на почетните позиции пред да се разговара за распуштање на парламентот и тајмингот на изборите.

„Нема да паднеме во несвест по обраќањето на Црвенковски, кој откако увиде дека сите македонски и албански партии нема да ја прифатат неговата идеја за бојкот на изборите денеска конечно ги прифати како беззусловни“, кажа Никола Груевски на пресконференција во седиштето на партијата.

VMRO DPMNE Mazedonien Partei Politik
Никола ГруевскиФотографија: MIA

СДСМ се откажа од условите

Со силата на народот ќе ве победиме – со вакво партиско убедување соцјалдемократите претходно побараа избори веднаш, повлекувајќи ги сите свои досегашни условувања, изнесени и на меѓулидерските средби.

Во амбиент на самободрење, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, во преполната партиска сала, изјави:„Донесете каков сакате изборен закон. Направете каков сакате избирачки список. Трошете од буџетот колку сакате за ваше рекламирање по медиуми. Само соопштете го денот на избори и ние сме тука! Вие со вашиот закон, со вашиот избирачки список, со вашите медиуми, со вашите 220 милиони евра за купување на гласови на едната страна и ние со народот на другата страна. И ќе ве победиме! Со силата на народот ќе ве победиме!“ Внатрепартискиот дијалог во СДСМ покажа дека не е прифатлив бојкотот на изборите и оти има огромно расположение меѓу неговите прврзеници за итно соочување со власта, а на некои собири пред врвот на соцјалдемократите, од базата биле предочени и опции за самоучество, преку независни пратенички листи.

Wahlen in Mazedonien
Бранко ЦрвенковскиФотографија: DW

Собранието и натаму само за власта

Опозицискиот табор околу СДСМ не се враќа во парламентот, каде за првпат, по две години, се појавија пратениците од ДПА, но неучествуваат во денешното соочување власт- опозиција преку пратенички прашања. Мнозинството од владечката партија и овој пренос од Собранието го искористија за популаризација на досегашното владеење, од типот на Зоран Коњановски дека голем проект е предавањето на касарните во големите градови на општините, каде ќе се градат и станови за армиските припадници, по далеку поповолни услови од пазарните, кажа министерот за одбрана.

„Анкетите покажаа дека најголем е интерсеот во Скопје каде над 900 армијци сакаат свои станови во населбите од екс-касарните“, изјави пропагандистички министерот за одбрана Зоран Коњановски.

СДСМ се откажа од барањата за рамномерен медиумски третман и распределба на средствата за владините пропаганди и кампањи, за одмрзнување на сметките на медиумскиот холдинг околу ТВ А1, а го предложи за претседател на ДИК, Борис Кондарко, што најверојатно ќе се избре без соцјалдемократите на наредната седница на собранието. Отсуството на опозицијата и овој тајм-аут власта го користи за максимална законодавна активност со промени или нови решенија. За едно деноноќие, пред два дена, од Владата беа доставени над 60 законски иницијативи кои по итна постапка се разгледуваат и усвојуваат.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи