1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија се промени

Верица Спасовска/ превод:СН3 септември 2016

Германија е поделена земја. И натаму многумина го поддржуваат ставот на Меркел „Ќе успееме!“, но критиката за нејзината политика кон бегалците. Eдна година по отворањето на границите, Германија стана поинаква земја.

https://p.dw.com/p/1JvGF
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Willnow

Многу нешта се променија во Германија во последнава година. најнапред една лоша вест: расизмот во Германија порасна. Деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД)која пред избувнувањето на бегалската криза започна да губи од популарноста сега профитира од стравот на многу Германци од бегалците. Во најновите анкети АфД скокна на речиси 15 насто популарност- на сојузнпо ниво. На минатите сојузни избори оваа партија не успеа да го премине изборниот праг од пет насто па така нема пратеници во Бундестагот. Но денес ситуацијата е поинаква. Непријателството кон странците стана прифатливо во германското општество.

На овој факт треба да се гледа во европски контекст: во Франција и во Бугарија, на пример, десните популисти во парламентот влегоа со преку 20 насто освоени гласови, во Унгарија и во Полска дури седат и во владите. Во Велика Британија кон странците непријателски настроената партијата УКИП го даде иницијалниот импулс за истапување на земјата од Европската унија. Во споредба со длабоко националистички настроените општества во источно-европските земји, Германија е уште и тврдина на политичката умереност и стабилност.

Односот на Германците кон нивната канцеларка додуша се промени: популарноста ѝ опадна. Многу Германци се незадоволни со менаџирањето на бегалската криза. Од другастрана, пак, според резултатите од анкетите популарноста на владејачките партии на Унијата е и натаму стабилна. На надворешно-политички план канцеларката и и натаму е многу ценета. И иако во многу членки на ЕУ не ја одобруваат нејзината политика кон бегалците, нејзиниот глас во одлучувањето за важните прашања, на пример, како натаму по брегзит, сѐ уште имаат голема тежина.

Расте стравот од тероризам

За нејзиниот хуман гест признание не и искажа само американскиот претседател Обама со зборовите: „Германија е на вистинската страна на историјата“, туку нејзе ја ценат и многу луѓе во Африка и на Блискиот Исток, бидејќи Германија зборовите ги поткрепи со конкретни дела пуштајќи ги луѓето во невоља да влезат во земјата.

Односот на Германците кон бегалците истотака се промени. По почетниот еуфоричен бран на подготвеност за помош, следуваше своевидно отрезнување. Инцидентите од новогодишната ноќ во Келн, исламистички мотивираните напади во Ансбах и во Вирцбург го разгореа меѓу Германците стравот од исламистичкиот терор, иако и двајцата атентатори дошле во Германија долгор пред отворањето на границите во септември 2015 година, и иако меѓу насилниците во Келн имаше најмалку од оние кои како бегалци стигнале во Германија.

Денес меѓутоа, знаеме и дека исламистите го користеле неконтролираниот прилив на бегалци за да влезат во земјата. Но од другастрана, ако границите останеа затворени, стотици илјади луѓе ќе беа оставени на цедило.

Претстојат големи задачи

Без оглед на несигурноста која се шири во германското општество, Германците сѐ уште се подготвени да помогнат. Тие помагаат каде можат: ги подучуваат германски бегалските деца, примаат малолетни бегалци во своите домови, им помагаат на своите сограѓани во барањето работа. Без овој голем волонтерски ангажман на илјадници граѓани многу нешта не би биле толку добро организирани. Во Германија ниту еден бегалец не мораше да спие на улица. На мнозинството бегалци денес во Германија им е подобро отколку што им беше порано. На овој великодушен гест на прифаќање на луѓето во невоља во Германија со право може да се гледа како на успех.

Но на Германија допрва и претстојат вистинските предизвици. Општество кое прифатило толку многу дојденци мора да спроведе многу мерки за децата да се интегрират во училиштата а возрасните на пазарот на труд. Сето тоа чини пари и ги распламтува расправите мотивирани од завист, кои можат да го загрозат социјалниот мир.

Се бара солидарност

Истовремено бегалската криза може да биде шанса за да се започне сопствените вредности да се застапуваат посамоувереноlink:19497865, отколку во минатото. Мора да биде разбирливо само по себе дека сите бегалци кои сакаат да останат мора да научат германски, да ги почитуваат вредностите на слободното демократско општество, да прифатат дека Уставот е поважен од Библијата, Куранот или другите свети писма и да ја почитуваат рамноправноста на мажот и жената. Кршењето на законите мора веднаш да биде казнувано а депортациите на мигрантите кои сториле казнени дела мора да бидат спроведувани многу побргу од досега.

Да, бегалската криза ги извлече Германците од нивната зона на комфор и изискува многу од нив. Ги става пред нови предизвици и истовремено создава нови шанси. Добра вест е дека во шареноликоста на културите лежи голем потенцијал, ако се успее на бегалците да им се покаже дека припаѓаат во општеството во кое дошле. Тогаш и тие во него позитивно ќе се ангажираат. Веќе самите суми пари кои бегалците ги испраќаат во своите татковини се поголеми од оние кои Германија ги дава за развојна помош. Ако Германците не гледаат на бегалците како на проблем, туку на целата ситуација гледаат реалистично, ако сватат дека солидарноста со луѓето во неволја може да ја зајакне заедницата, тогаш, осврнувајќи се на назад, ќе може да кажеме: и добро е што Германија се промени!