1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Џазира Балканс почнува со емитување програма

11 ноември 2011

Ал Џазира Балканс денеска (11.11) во 18 часот започнува со емитување на својата програма. Програмата ќе се емитува од централното студио во Сараево, како и од регионалните центри во Белград, Загреб и Скопје.

https://p.dw.com/p/138re
Фотографија: AP

Гледачите во регионот ќе можат да ја следат програмата на оваа глобална информативна мрежа преку кабелските и ИПТВ оператори, преку сателитот на ЕутелСат, како и преку земјен сигнал во Босна и Херцеговина.

Програмата на Ал Џазира Балканс ќе биде првата програма која оваа глобална телевизија ја прикажува на друг јазик, освен на англиски или арапски.

Ал Џазира ветува независно и непристрасно известување

Користејќи ја регионалната мрежа на дописници, како и глобалните дописништва на Ал Џазира, Ал Џазира Балканс на гледачите во регионот ќе им носи како регионални, така и глобални вести, а од овој регион ќе известува за гледачите во светот кои ги следат програмите на англиската и арапската програма на Ал Џазира.

Katar Medien Al Dschasira in Doha Logo
Логото на телевизијата од КатарФотографија: AP

Шесте часа вести кои локално се продуцираат, интервјуата, коментарите и анализите, како и најавената квалитетна документарна програма која ќе ја емитува Ал Џазира Балканс претставуваат почеток на едно ново поглавје во медиумското известување во регионот.

Ал Џазира Балканс ќе работи под слоганот „Од секој агол и за секоја страна“ и ветува независно и непристрасно известување.

Автор: ЖА/СН/миа/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска