1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Дисциплинска постапка за Русковска и уште две обвинителки

ДТЗ
23 декември 2022

Постапката беше отворена на предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност оценила дека обвинителките направиле тешка дисциплинска повреда

https://p.dw.com/p/4LN84
Вилма Русковска
Дисциплинска постапка против Вилма Русковска поради претресот во финансиската полицијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Претресите во Управата за финансиска полиција и судирот со тогашниот директор, Арафат Муареми, резултираа со дисциплинска постапка за поранешната шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал, Вилма Русковска. Одлука за поведување на дисциплинска постапка е донесена не само против Русковска, туку и за обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Ваквата постапка беше отворена на предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој сметаше дека има низа пропусти со случајот, откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која што раководи.

Тешка дисциплинска повреда

Комисијата  за утврдување на дисциплинска одговорност одржала расправа на која го разгледала писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оценила дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, информираат од Обвинителството.

Љубомир Јовески Вилма Русковска
Ваквата постапка беше отворена на предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир ЈовескиФотографија: DW/P. Stojanovski

Против ова решение на Комисијата не е дозволена жалба. Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе биде повикан Јовески и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и да дадат свои изјави за случувањата.

Целиот случај бил отворен по анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 започна претресот во финансиската полиција. Директорот на Управата за финансиска полиција, се жалеше на суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување.  Русковска тогаш возврати дека се работи за притисок врз работата на судот и обвинителството и дека не гледа причина за паника и нервоза доколку се работело според законите. Судирот околу претресот во Управата за финансиска полиција резултираше со суспензија и дисциплински мерки за обвинителките кои се борат против организиран криминал. Муареми, пак, поднесе оставка од директорската функција

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема