1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп ја номинира Пем Бонди за министерка за правда на САД

СН/агенции
22 ноември 2024

Притисокот беше преголем за претпочитаниот кандидат на Трамп, Мат Гец. Сега новоизбраниот претседател на САД ja номинираше поранешната јавна обвинителка на Флорида, Бонди за министерка за правда на САД.

https://p.dw.com/p/4nIcb
Пем Бонди е би требало да раководи со Министерството за правда на САД
Пем Бонди е би требало да раководи со Министерството за правда на САДФотографија: OLIVIER DOULIERY/AFP

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,  ја номинираше поранешната главна јавна обвинителка на Флорида Пем Бонди на функцијата главен јавен обвинител на САД. Таа практично ќе раководи со ресорот правда во новата администрација на Доналд Трамп. Екпертите сметаат дека нејзините шанси да стапи на функцијата се далеку подобри од оние на првичниот кандидат Мет Гец.

Бонди служеше како највисок службеник за спроведување на законот во третата најнаселена држава во САД од 2011 до 2019 година, додека во администрацијата за време на првиот мандат на Трамп беше во Комисијата за злоупотреба опиоиди и на дрога.

Трамп го објави својот избор на Пем Бонди за функцијата министерка за правда на социјалните мрежи, фалејќи ја за нејзиното обвинителско искуство.

Екпертите сметаат дека шансите на Пем Бонди да стапи на функцијата министерка за правда се далеку подобри од оние на првичниот кандидат Мет Гец
Екпертите сметаат дека шансите на Пем Бонди да стапи на функцијата министерка за правда се далеку подобри од оние на првичниот кандидат Мет ГецФотографија: Tom Williams/CQ Roll Call/Sipa USA/picture alliance

Тој рече дека Бонди ќе стави крај на политизацијата во федералното обвинителство.

„Предолго, партиското Министерство за правда беше против мене и другите републиканци - повеќе не. Пем ќе го пренасочи Министерството за правда кон неговата цел да се бори против криминалот и да ја направи Америка повторно безбедна“, рече Трамп.

Со назначувањето на Пем Бонди, тој го замени својот поранешен кандидат за функцијата, Мет Гец, кој се повлече откако се соочи со противење од републиканците во Сенатот поради истрагата на Комитетот за етика на Претставничкиот дом за наводите за сексуални односи со малолетна девојка од 17 години, што тој ги негираше.

Несудениот министер за правда на САД, Мет Гец
Несудениот министер за правда на САД, Мет Гец Фотографија: Mandel Ngan/AFP

Поранешниот американски конгресмен Мет Гец го повлече своето име од разгледување за  функцијата министер за правда на САД во четвртокот, само неколку часа пред номинацијата на Пем Бонди. 

„Немаме време да губиме на непотребно долготрајни расправии во Вашингтон, затоа ќе го повлечам моето име од разгледување за државен обвинител. Министерството за правда на Трамп мора да биде на место и подготвено уште првиот ден“, напиша републиканецот Гец, во објавата на X.