1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСеверна Кореја

Пјонгјанг за првпат проговори за американскиот војник Кинг

СН/агенции
16 август 2023

Во јули, младиот американски војник Тревис Кинг илегално ја преминал внатрешната корејска граница. Моќниот државен апарат на Северна Кореја сега за првпат јавно го коментира случајот.

https://p.dw.com/p/4VDfF
Јужнокорејската телевизија известува за американскиот војник Тревис Кинг
Јужнокорејската телевизија известува за американскиот војник Тревис КингФотографија: Ahn Young-joon/AP Photo/picture alliance

Државните медиуми во Северна Кореја јавија дека властите го испитуваат американскиот војник Тревис Кинг кој минатиот месец ја премина демилитаризираната зона. 
Официјален Пјонгјанг тврди дека тој изразил подготвеност да побара засолниште во Северна Кореја или во трета земја, пренесуваат севернокорејските државни медиуми.
„Травис Кинг призна дека одлучил да дојде во Северна Кореја бидејќи лошо се чувствувал поради нечовечкото малтретирање и расната дискриминација во американската војска“, изјави официјален претставник на властите за Корејската централна новинска агенција- КЦНА.

„Тој, исто така, изрази подготвеност да побара статус на бегалец во Демократска Народна Република Кореја или во трета земја, велејќи дека е разочаран од нерамноправното американско општество“, ги цитира КЦНА зборовите на претставникот на севернокорејските власти. 
Како што, пак, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап, ова е прва потврда за статусот на американски војник кој ја преминал воената демаркациска линија за време на обиколка на демилитаризираната зона на 18 јули.

Северна и Јужна Кореја ги разделува демилитаризирана зона долга 257 километри и широка четири километри
Северна и Јужна Кореја ги разделува демилитаризирана зона долга 257 километри и широка четири километри

Не може незавиисно да се потврди дали Тревис навистина ги дал изјавите. Државните медиуми се сметаат за гласноговорници на раководството околу севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун, кој ги гледа САД како голем непријател.

Портпарол на Министерството за одбрана во Вашингтон изјави дека и натаму се прават напори за да се обезбеди безбедно враќање на Кинг во САД.

Пред да ја премине границата, Кинг одлежал два месеци во јужнокорејски затвор под обвинение за напад и бил ослободен на 10 јули.

Тој требал да отпатува во САД да се соочи со дисциплинска постапка, но успеал да избега од аеродромот и да се приклучи на туристичка група во разгледување на демилитаризираната зона.
Кинг е специјалист за извидување и е во војската од јануари 2021 година, а бил во Јужна Кореја во рамки на ротацијата на американските трупи.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема