1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Украина бара жестока реакција на нападот со „Орешник“

СН/агенции
22 ноември 2024

Според претседателот Путин, Русија ја нападнала Украина со ново развиена ракета со среден дострел, наречена „Орешник“. „Светот мора да реагира“, апелираше украинскиот претседател Зеленски.

https://p.dw.com/p/4nIyh
Расчистување на урнатините во украинскиот град Днепар по ударот на новата руска ракета „Орешник“
Расчистување на урнатините во украинскиот град Днепар по ударот на новата руска ракета „Орешник“Фотографија: Press Service of the State Emergency Service of Ukraine in Dnipr/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница одлучно да одговори на рускиот напад со новата ракета со среден дострел. „Светот мора да реагира“, апелираше тој во објава на Х.

Зеленски реагираше на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, кој ги употреби новите руски балистички ракети, велејќи дека со тоа е ескалирна ситуацијата во војната во Украина и дека е прекршена Повелбата на ОН.

„Путин денеска призна дека веќе го направил вториот чекор оваа година кон ескалација, кон проширување на оваа војна. Користена е нова балистичка ракета. Путин го погоди нашиот град Днепар, еден од најголемите градови во Украина. Ова е очигледно и сериозно зголемување на обемот и бруталноста на оваа војна, цинично кршење на Повелбата на ОН од страна на Русија“, рече Зеленски за време на неговото вечерно обраќање. 

Тој додаде дека првиот чекор на Русија кон ескалација за една година е вклучувањето на Северна Кореја во војната против Украина, „и тоа со контингент од најмалку 11.000 војници“.

Рускиот претседател, Владимир Путин во телевизиско обраќање потврди дека Русија употребила нов тип на ракета за напад врз Украина
Рускиот претседател, Владимир Путин во телевизиско обраќање потврди дека Русија употребила нов тип на ракета за напад врз УкраинаФотографија: Vyacheslav Prokofyev/Sputnik/Kreml Pool/AP/picture alliance

Претходно рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Русија истрелала нова балистичка ракета со среден дострел против украинскиот град Днепар и се закани со нови напади.

Како што рече, современите системи немаат начин како да се спротивстават на новата ракета наречена „Орешник“. 

Путин истакна дека ова е одговор на САД и на другите западни земји кои наводно и дозволуваат на Украина да користи оружје со долг дострел за напади врз руска територија

Зеленски одговори дека тоа е опфатено со меѓународното право како одбрана од руска агресорска војна. „Нашето право на самоодбрана е исто како и правото на кој било друг народ.“