1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалФранција

Напаѓачот од Париз е „неутрализиран“

ЕМФ | агенции
11 јануари 2023

Во напад со нож на париската станица Гар ду Нор изутринава се повредени повеќе луѓе, од кои едно лице тешко.

https://p.dw.com/p/4M00v
Полиција на станицата Гар ду Нор во Париз
Полиција на станицата Гар ду Нор во ПаризФотографија: Benoit Tessier/REUTERS

Нападот со нож на станицата Гар ду Нор, според француските медиуми, се случил изутринава околу 6:40 часот. Полицијата го совладала напаѓачот со употреба на оружје и го уапсила, се вели од полициски кругови. Причините за нападот, во кој се повредени шест лица, засега се непознати.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин на Твитер напиша: „Им благодарам на безбедносните сили за нивната ефикасна и храбра реакција“. Министерот пишува дека напаѓачот бил брзо „неутралзииран“.

Според Обвинитлеството, напаѓачот по повеќе истрели од страна на безбедносните сили е префрлен во болница и е во животна опасност.