1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Напаѓачот од Париз самиот се нарекол расист

ЖА / агенции
24 декември 2022

Зад смртоносниот напад врз курдски центар во Париз, во кој загинаа три лица, се кријат и расистички мотиви

https://p.dw.com/p/4LOnM
Протест на курдската зањедница во Париз по убиството на тројца Курди
Протест на курдската зањедница во Париз по убиството на тројца КурдиФотографија: Sarah Meyssonnier/REUTERS

Како што соопшти париското Државно обвинителство денеска, по вчерашниот напад врз центар на курдската заедница, се води истрага поради расистички мотиви. Максималната казна, која му се заканува на осомничениот убиец е доживотен затвор. Против него уште вчера беше поведена постапка поради сомнение за извршено целно убиство и тежок облик на насилство. Денеска е продолжен полицискиот притвор на осомничениот.

Вчера 69-годишниот Французин испалил повеќе куршуми во курдски центар, како и во еден ресторан и во фризерски салон наспроти центарот и притоа убил три лица. Тројца други луѓе се ранети во пукотницата. Според наводите на Сојузот на демократскиот курдски совет во Франција, сите три жртви биле курдски активисти. 

„Напаѓачот очигледно свесно атакувал странци“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Нејасно е дали нападот бил намерно насочен против Курди. Осомничениот убиец досега не е влезен како десен екстремист во регистарот кај безбедносните органи, но и порано вршел напади. Само пред неколку дена излегол од затвор – лани нападнал мигрантски шаторски логор и повредил повеќе луѓе, а според некои медиуми, уште во 2016 година со нож атакувал едно лице.

Медиумите известуваат дека напаѓачот во полицијата изјавил дека е расист и затоа го извршил делото. Телевизијата БФМТВ јави дека во исказот осомничениот навел дека намерно сакал да ја нападне курдската заедница. 

Курдските здруженија го оценуваат нападот како „терористички акт“, до кој доаѓа по бројни турски закани. Турција одамна ги сузбива курдските стремежи за независност, форсирани од забранетата курдска Работничка партија ПКК и други курдски организации.

Во Париз денеска се собраа одреден број луѓе во знак на осуда на нападот, курдските здруженија зборуваа за илјадници уште пред официјалниот почеток на протестот. Во петокот вечерта во демонстрација на местото на нападот дојде до судири со полицијата. Низ целата земја полицијата најави засилена заштита на објекти на курдската заедница