Мајкрософт ќе инвестира милијарди евра во Германија
15 февруари 2024Со инвестиција од 3,3, милијарди евра Мајкрософт сака да помогне за зголемување на капацитетите во делот на вештачката интелигенција во Германија, најави денеска (15.02) претседателот на концернот Бред Смит на разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Ова е најголема поединечна инвестиција во 40-годишната историја на Мајкрософт во Германија и опфаќа Програма за натамошно образование на 1,2 милиони луѓе во делот на вештачката интелигенција (ВИ). Со тоа земјата би стигнала на второ место во светот по користење на вештачка интелигенција од страна на организации и би била втор по важност развивач на ВИ-апликации. Сега Германија се наоѓа на 11 место во Европа мерено според ВИ-способностите, оцени Смит. Со новите понуди за школување треба да се подобрат програмерските способности и луѓето да се оспособат да користење на технологијата.