1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаГлобално

„Вештачката интелигенција крие опасни ризици за човештвото“

ЖА / агенции
2 мај 2023

Врвниот експерт Џефри Хинтон го напушта Гугл за да може непречено да алармира за опасностите од неконтролиран развој на вештачката интелигенција.

https://p.dw.com/p/4QnK3
Вештачка интелигенција
Вештачка интелигенцијаФотографија: Andrea Verdelli/Getty Images

Џефри Хинтон, водечки развоен експерт во американскиот технолошки гигант Гугл познат како „кум на вештачката интелигенција" дал отказ од своето работно место и во понеделничкото издание на весникот „Њујорк тајмс“ предупреди: напредоците на полето на вештачка интелигенција значат „сериозни опасности за општеството и човештвото.“

Конкуренцијата ги тера технолошките претпријатија на „опасно темпо“ во развојот на се` понови форми на вештачка интелигенција, преку што се шират дезинформации и се доведуваат во опасност работни места, предупредува Хинтон: „Тешко е и да се претпостави на каков начин би можеле да бидат спречени злонамерните да ја користат вештачката интелигенција за лоши цели“.

Гугл и фирмата ОпенАИ, стартап кој го разви познатиот четбот ЧетЏиПиТи минатата година започнаа со креирање на системи способни да чуваат и обработуваат информации кои далеку го надминуваат капацитетот на човековиот мозок и можат во одделни случаи и да го стават во сенка.

Во поглед на работните места, Хинтон стравува дека вештачката интелигенција може да доведе до тоа „робовската работа“ да стане непотребна, да дојде до укинување на работни места.

Хинтон минатиот месец се простил од Гугл, компанија која меѓу првите објави рамки за користењето на вештачка интелигенција. „Гугл и натаму се чувствува обврзан на одговорен пристап кон вештачката интелигенција, постојано учи од постојните ризици, без да прекине со храбро воведување на новитети“, истакна Џеф Дин, шеф на Хинтон во Гугл. 

На крајот на март технолошкиот милијардер Илон Маск и бројни експерти апелираа да се направи пауза во развојот на посебно напредната вештачка интелигенција. „Системите на вештачка интелигенција способни да им конкурираат на луѓето, можат да кријат огромни ризици за општеството и човештвото. Моќните системи на вештачка интелигенција треба да бидат развивани тогаш кога ќе бидат обезбедени уверливи претпоставки за нивно позитивно  влијание и можности за контрола на нивните ризици“, предупредија експертите во отвореното писмо. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема