1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиБразил

Многу жртви во поплавите и лизгањето на земјиште во Бразил

Мартин Кох
20 февруари 2023

Карневалскиот викенд во Бразил беше засенет од трагедија: најмалку 36 лица загинаа во лизгање на земјиштето во југоисточниот дел на земјата. Но, имаше и две „чуда“.

https://p.dw.com/p/4NjKb
По огромните дождови во Сао Себастиао, Бразил, 19.02.2023
По огромните дождови во Сао Себастиао, Бразил, 19.02.2023Фотографија: Sao Sebastiao City Hall /AFP

Големите дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Притоа загинаа 35 луѓе. Една жртва од невремето има во Убатуба.

Гувернерот Тарсио де Фреитас прогласи вонредна состојба во Сао Себастиао и други погодени општини. Во крајбрежниот регион северно од метрополата Сао Паоло најмалку 228 луѓе останаа без покрив над главата како резултат на поплавите, а 338 мораа да ги напуштат своите домови. Засега нема информации за бројот на исчезнати лица.

Илхабела, Бразил, 19.02.2023
Илхабела, Бразил, 19.02.2023Фотографија: Tribuna do Povo/Caio Gomes/via REUTERS

Области целосно под вода

Според градоначалникот на Сао Себастиао, Фелипе Аугусто, речиси 50 згради во градот се урнале под тежината на водата, а под урнатините има многу затрупани луѓе. Ситуацијата во градот е исклучително критична, карневалските настани се откажани.

Сликите објавени на телевизија и на интернет мрежи покажуваат дека цели населби во Сао Себастиао се потопени, а низ вода пливаат остатоци од куќите. Има и поплавени автопати и автомобили оштетени од паднати дрвја. Според медиумите, меѓу загинатите има и деца.

Автопат во Убатуба, Бразил, 19.02.203
Автопат во Убатуба, Бразил, 19.02.203Фотографија: Ubatuba Civil Defense/AFP

Две „чуда“

Среде тажните настани, имаше и „две чуда“, твитна владата на Сао Паоло. Спасени се затрупано двегодишно дете и бремена жена која се породила и нејзиното бебе.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој моментално е на одмор, на Твитер објави дека денеска ќе ја посети погодената област од катастрофата.

По тешкото невреме во Илхабела, Бразил, 19.02.2023
По тешкото невреме во Илхабела, Бразил, 19.02.2023Фотографија: TRIBUNA DO POVO/REUTERS

Во Бразил често има невреме

Според градската управа, во Сао Себастиао во рок од 24 часа паднале 60 сантиметри дожд. Тоа е двојно повеќе од дождот што обично паѓа за цел месец. Експертите велат дека такво нешто во регионот досега не е видено. Според најавите, се очекуваат нови обилни врнежи, што дополнително би ја отежнало работата на спасувачите.

Минатата година во Петрополис, во југоисточен Бразил, во поплави и лизгање на земјиштето повеќе од 230 луѓе загинаа.