1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортГлобално

Денвер е на врвот, а Никола Јокиќ во легендите

БГ/ ДВ
13 јуни 2023

По освоената титула во НБА лигата, германскиот печат не штеди суперлативи за најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ. Тој е на пат да им се придружи на Мајкл Џордан и Мухамед Али, пишуваат весниците.

https://p.dw.com/p/4SVLx
Никола Јокиќ МВП
Никола Јокиќ со наградата МВП на финалната серија во НБА лигатаФотографија: Kyle Terada/USA TODAY Network/IMAGO

„Никола Јокиќ ги круниса одличните изданија во плејофот со првата НБА титула за Денвер Нагетс. За тоа на тимот му требаа само пет меча, затоа што Јокиќ испорача во својот познат стил“, пишува германската новинска агенција ДПА. Денвер, рано утро во вторник, го победи Мајами со 94:89 и со вкупен резултат 4:1 дојде до првата шампионска титула во 47-годишната историја. Српскиот суперстар беше прогласен за највреден играч (МВП) на финалната серија.
„Додека навивачите на Денвер ја славеа првата титула, а кошаркарките ја пееја We are the champions на бината, Никола Јокиќ стоеше на работ на групата. Со ќеркичката Огњена на рамениците, и единствен во бел дрес, наместо во темната шампионска маичка, 28-годишниот Србин делуваше речиси како да му е непријатно. Малку што му е нелагодно на најдобриот играч на екипата како тоа кога е во центарот на вниманието“, пишува ДПА. 
Агенцијата наведува дека навивачите во Србија минале трескавична ноќ пред телевизорите и, ден по рекордната титула за Новак Ѓоковиќ, добија уште една причина за славје. 

Никола Јокиќ Денвер Нагетс
Никола Јокиќ беше незапирлив во НБА плејофот, остварувајќи рекордни бројкиФотографија: Ashley Landis/AP Photo/picture alliance


„Најдоцна сега, Јокиќ стана икона во својата татковина. Притоа, тој делува како најбавниот играч на светот. Можеби токму затоа во моментов е подобар од сите останати, затоа што малку кој успева да го наметне своето темпо во овој спорт со вратоломна брзина“, пишува ДПА. 

Јокиќ „утешителот“ 

Описот на достигнувањето на Денвер и на Јокиќ, и весникот Зидојче цајтунг го заочнува од моментот по завршувањето на мечот. 

Интересно е да се погледне што прават спортистите во момент на голем успех, пишува весникот: некои се фрлаат на под, други трчаат, се удираат по гради, скокаат меѓу навивачите. А Јокиќ беше „утешител“. 
„Јокиќ не отиде кај своите соиграчи. Ни до сопругата Наталија која ја држеше в раце ќерката Огњена. Ни до неговите браќа, ниту до егзалтираните навивачи на Денвер...
(,,,) Јокиќ отиде до секој играч на Мајами поединечно, им ја стисна раката и ги прегрна, и им кажа по некој утешен збор“, пишува Зидојче цајтунг. 
Наведувајќи ги сите рекорди кои Јокиќ ги урна во плејофот: најмногу трипл-дабл, единствена партија со 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции; весникот пишува за стереотипите за Јокиќ:
„Тој често делува како баскетџија кој себеси може да си дозволи да влезе во салата од плажа, бидејќи природата му дала висина од 2,11, талент за движење и чувство за топка. Но, тоа не е точно.
Како Мајкл Џордан, Мухамед Али или Роџер Федерер, и Јокиќ е пример за тоа колку напорна работа треба за тешкото да делува лесно. Да, споредбите со најголемите од светот на спортот тука е свесно избрано. Затоа што, Јокиќ е дефинитивно на пат да им се придружи“, пишува Зидојче Цајтунг. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема