1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен Јосип Перковиќ

ЕМФ/бета/миа/дпа1 јануари 2014

Поранешниот шеф на тајната полиција во поранешна Југославија, а потоа и во Хрватска, Јосип Перковиќ, е уапсен денеска (1.01) во Загреб. По него беше распишан европски налог за апсење.

https://p.dw.com/p/1Ak2K
Фотографија: picture alliance/PIXSELL

Апсењето на Јосип Перковиќ го потврди и неговиот адвокат Анто Нобило. По Перковиќ беше распишан европски налог за апсење. Тој е обвинет за учество во организација на убиството на хрватскиот политички емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година во Волфратсхаузен, во Германија. Заедно со Перковиќ е уапсен и поранешниот разузнавач Здравко Мустач, кој му бил надреден на Перковиќ. Германија бара испорака на двајцата уапсени.

Според законската процедура, Обвинителството треба да ги сослуша уапсените и да ги праша дали се согласуваат со екстрадиција. Нобило истакна дека Перковиќ нема да се согласи со испорака. Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ по апсењето на Перковиќ истакна дека сега сѐ е во рацете на превосудните органи.

Поради случајот Перковиќ Хрватска имаше проблеми со Европската комисија. Во пресрет на влегувањето во ЕУ, во јули 2013 година, Хрватска ја ограничи примената на европскиот налог за апсење на кривични дела сторени по август 2002 година, што доведе до судир со Европската комисија и со закана со санкции против Хрватска, поради тоа што земјата со тоа оневозможи испорака на Јосип Перковиќ. Потоа беше пронајден компромис, според кој од 1 јануари 2014 година европскиот налог ќе се применува без спорното временско ограничување.

Освен Перковиќ, европскиот налог за апсење од оваа година ќе биде активиран и за уште 28 лица по кои членките на ЕУ распишале потерница.