1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скандалот со јајца има криминална позадина?

ЕМФ /агенции
8 август 2017

Скандалот со контаминираните јајца можеби има криминална позадина, изјави германскиот министер за исхрана и земјоделство, Кристијан Шмит.

https://p.dw.com/p/2hqjI
Eier-Vernichtung in den Niederlanden
Фотографија: picture-alliance/dpa/Huisman Media

Она што се случувало во скандалот со јајца е „криминално, тоа е сосема јасно“, изјави министерот за земјоделство Кристијан Шмит за утринската програма на првиот канал на германската телевизија АРД. Тоа, вели министерот, мора да се казни. Трагите водат кон Белгија и Холандија, а каде инсектицидот Фипронил бил вмешан во процесот сѐ уште е предмет на истрага.

Шмит ги повтори обвинувањата на сметка на белгиските власти, кои рано дознале за токсините во јајцата. „Тоа не е во духот на системот на рано предупреудвање. Знаеле во јуни, а нас нѐ информираа на крајот на јули“, рече Шмит. Тој побара за темата да расправа Советот на министри на ЕУ.

Министерот соопшти дека во продавниците веќе не би требало да има затруени јајца. На прашањето дали такви јајца сѐ уште се продаваат, Шмит одговори: „Со најголема веројатност тоа може да се исклучи.“

Christian Schmidt Bundeslandwirtschaftsminister
Кристијан Шмит бара вклучување на Советот на министри на ЕУФотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

Инсектицидот Фипронил прво беше откриен во јајца од Белгија и Холандија. Најмалку 10 милиони контаминирани јајца од Холандија биле доставени во Германија, соопшти Министерството за земјоделство. Дел од нив завршил во продавниците. Трговскиот ланец Алди ги повлече јајцата од продажба од сите свои продавници, а други супермаркети ја ограничија продажбата од безбедносни причини.

Од продажба се повлечени и јајца во Шведска и Швајцарија. Во меѓувреме скландалот со тоскични јајца се прошири и во Франција и Велика Бртитанија.