1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворени сите избирачки места на Косово

ЕМФ/бета8 јуни 2014

Централната изборна комисија на Косово соопшти дека се отворени сите избирачки места на кои се гласа за нов состав на парламентот. Парламентарни избори првпат се одржуваат во четири општини на северот на државата.

https://p.dw.com/p/1CETO
Фотографија: picture-alliance/dpa

За новиот состав на парламентот на предвремените избори се гласа во 38 општини, а право на глас имаат 1,78 милиони лица. Првпат парламентарни избори се одржуваат во четири општини во северниот дел на Косово. Помош и поддршка во одржувањето на изборите во тој дел на државата пружа Организацијата за безбедност и сорбаотка (ОБСЕ).

На изборите за 120 места во парламентот се борат 30 политички субјекти од сите национални заедници. Од 120 пратенички места, 20 се гарантирани за припадниците на малцинските заедници. Од 20-те гарантирани места, 10 и‘ припаѓаат на српската заедница.

За де се влезат во парламентот, партиите мора да го минат цензусот од 5% освоени гласови од бројот на оние кои излегле на гласање, додека коалициите треба да освојат најмалку седум проценти гласови. Тоа не важи за партиите и коалициите од малцинските заедници, на кои им припаѓаат гарантирани места. За да ги добијат тие места не постои долна граница на добиени гласови.

Централната изборна комисија ја реши дилемата дали Србите имаат право да гласаат со документи кои не се издадени на Косово. Според последната одлука, право на глас имаат сите, без оглед какви документи имаат, со тоа што е неопходно тие документи да се важечки. Единствен услов е граѓаните да бидат впишани во избирачкиот спсисок.

Предвремените парламентарни избори на Косово ги следат повеќе од 2.000 домашни и меѓународни набљудувачи, меѓу кои и набљудувачката мисија на Европската унија, која на Косово дојде на повик на претседателката Атифете Јахјага.