1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Две милијарди луѓе погодени од природни катастрофи

ЕМФ / дв
31 октомври 2018

Милиони луѓе во светот не добиваат неопходна помош по катастрофите и остануваат сами со своето страдање, покажува новиот извештај на Црвениот крст.

https://p.dw.com/p/37Q3o
Indonesien Lombok - Schäden nach Erdbeben
По земјотресот во Ломбок, Индонезија, во август годинаваФотографија: picture-alliance/dpa/AP/F. Lisnawati
Unwetter in Japan
Лавини од кал оставија големи последици во околината на Хирошима, Јапонија, во јули годинаваФотографија: picture-alliance/dpa

Околу две милијарди луѓе во изминатите десет години страдале директно од природни катастрофи, се вели во извештај на Црвениот крст. Половината од 3750 катастрофи кои се случиле во изминатата деценија биле поплави. Во другата половина се вбројуваат бури, бранови горештини, лизгање на земјиште, пожари, земјотреси и ерупции на вулкани. Статистиката вели дека од 2008 до 2017 година во несреќи од овој вид загинале над 700.000 луѓе. Половината од жртвите загинале во земјотреси.

Сами во страдањето

Не сите луѓе добиваат помош која им е неопходна по катастрофи. Милиони луѓе остануваат сами со своето страдање. Во дел од акциите по катастрофите, спасувачките екипи и хуманитарните организации не стигнуваат ниту до половината од луѓето на кои им е неопхдона помош, критикува Црвениот крст.

Повеќе:

Колкав е ризикот од катастрофи во Македонија?

Кога еден земјотрес или поплава станува катастрофа?

Канцеларијата на ОН за итна помош - ОЦХА, проценува дека годинава хуманитарна помош ќе им биде неопходна на 134 милиони луѓе. Тоа значи - на секој 57-ми жител на Земјата. ОН, според наводите, се грижат за 97 милиони луѓе на кои им е потребна помош. Останатите се упатени на помош од нивните влади, Црвениот крст и други организации.

USA - Überflutungen in Maryland, Ellicott City
Поплави во Мериленд, САД, мај 2018Фотографија: picture alliance/AP/Baltimore Sun/L. Solomon

Меѓутоа, работите не функционираат насекаде. Црвениот крст наведува фактори кои ги кочат спасувачите. Понекогаш луѓето немаат изводи од матичните книги на раѓање, па не се појавуваат во статистиката за населението, а врз таа основа се засноваат анализите на тоа што е потребно во кој регион кога ќе се случи некоја катастрофа. Или пак властите не ги наведуваат дискриминираните малцинства. Некои од регионите се тешко достапни или поради тоа што нема патишта или затоа што бунтовници или банди ги прават пристапите небезбедни. Освен тоа, се наведува и дека на некои места спасувачите не ги разбираат кутлурните или социјалните пречки.

BG Dürre | Äthiopien
Во Данан, Етиопија, не заврнало како што треба веќе три годиниФотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Meseret

Црвениот крст во својот извештај ја критикува и недоволната подготвеност на светот за финансиска помош. Обединетите Нации во 2017 година добиле само 56% од неопходните финансиски средства за помош на луѓето по хуманитарни катастрофи.