Боинг 737 Макс: дали новиот авион е безбеден?
11 март 2019Падот на авионот на Етиопијан Ерлајнс во петокот во кој загинаа сите 157 патници е втора авионска несреќа со Боинг 737 Макс 8 во изминатите шест месеци. Во октомври минатата година авион на Лајон Ер Флајт падна кратко по полетувањето од индонезискиот град Џакарта, при што загинаа сите 189 патници и екипажот.
Двата инцидента отворија сомнежи околу Макс, моделот што Боинг го пушти во употреба пред само две години. Еве што знаеме за леталото и двете несреќи.
Што е Боинг 737 Макс?
Макс е најновата верзија на ултра успешниот авион на Боинг, 737. Новиот модел е поефикасен во однос на потрошувачката на гориво отколку претходните и го има во четири варијатни: Макс 7, Макс 8, Макс 9 и Макс 10. Авионот може да пренесува меѓу 138 и 204 патници и се дизајнирани за кратки и средни летови. Претходните верзии на Боинг 737 се сметаат за едни од најсигурните во историјата на комерцијалното воздухопловство.
Кои компании ги користат?
Боинг испорача околу 350 авиони Макс откако првата испорака отиде за малезиската компанија Малиндо Ер во мај 2017та година. Повеќе од 60 компании во светот имаат нарачано вкупно 5илјади авиони од моделот Макс до сега. Големи европски клиенти како Рајанер и Норвежан се меѓу нив.
Што се случи со летот на Етиопијан Ерлајнс 302?
Етиопијан Ерлајнс велат дека е потребна дополнителна истрага за причините за несреќата. Според компанијата, Макс 8 полетал во добри временски услови во 8:38 часот по локално време. Шест минути подоцна се урнал во поле на околу 50 километри јужно од Адис Абеба.
Повеќе:
-Етиопијан ерлајнс ги приземји преостанатите авиони „Боинг 737 Макс 8“
Кратко пред падот пилотот кажал на контролата на летање дека има потешкотии и добил дозвола да се врати на аеродромот Боле Интернешнл. Очевидец за новинската агенција АФП вели дека авионот бил запален уште пред да падне.
Директорот на Етиопијан Ерлајнс изјави дека авионот претходно летал од Јоханесбург без никакви инциденти и имал околу 1.200 часови поминати во воздух откако Боинг го испорачал во ноември минатата година.
Што се случи со летот 610 на Лајон Ер?
Макс 8 се урна во море околу 12 минути по полетувањето од Џакарта во 6:20 часот изутрина во релативно чисти временски услови. Властите велат дека пилотите побарале да се вратат на аеродромот само 2-3 минути по полетувањето. Сервисот за следење на летови Флајтрадар24 објави податоци дека брзината на авионот и висината на летање биле погрешни за цело време на качувањето.
Истражителите на несреќата се уште го немаат компелтирано извештајот, но утврдиле дека авионот имал проблеми со индикаторите за брзината во деновите пред падот.
За време на последниот лет на авионот пилотот активирал едно од најурегентните предупредувања за опасност заради проблеми со системот кој спречува прекин на работата на моторите. Таквото предупредување ги убедило истраќителите дека авионот не бил функционален.
Лајон Ер леталото го има примено во август годинава. Кога паднал имал поминато 800 часови во воздух.
Дали Максот имал проблеми пред падот?
Боинг за краток период ги прекина сите пробни летови на авионите Макс во мај 2017 година откако идентификуваа потенцијални проблеми со моторите. Од компанијата изјавија дека проблемот го решиле десетина дена подоцна.
Каква беше реакцијата на Боинг?
Боинг соработува со индонезиските власти кои го истражуваат падот на Лајон Ер и од компанијата ветија дека ќе испрата тим во Етиопија за да помага во расчистувањето на околностите од петочната несреќа.
По падот на авионот на Лајон Ер компанијата испрати предупредување дека 737 Макс би можел автоматски да го спушти носот како реакција на погрешни податоци од сензорите. Од Боинг рекоа дека пилотите би можеле да реагираат со привремено исклучување на системот кој предизвикува автоматско спуштање на носот на авионот.
Пилотите од американските компании Саутвест и Американ се побунија дека не биле комплетно информирани околу функцијата на системот. Од Боинг пак изјавија дека комплетните оперативни детали биле споделени со сите компании кои го имаат набавенот Макс.