1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Етиопија: Приземјени преостанатите „Боинг 737 Макс 8“

СН/ агенции
11 март 2019

По тешката авионска несреќа во Етиопија во која загинаа 157 луѓе, експертите се во потрага по причината. Во фокусот на дебатата е релативно новиот модел на авион, Боинг 737 Макс 8,

https://p.dw.com/p/3Elrt
Äthiopien Mehr als 150 Tote bei Flugzeugabsturz
Фотографија: Reuters/T. Negeri

Етиопијан ерлајнс издаде забрана за летање на своите авиони од типот „Боинг 737 Макс 8“ по вчерашното уривање на авионот од ваков тим при полетувањето од аеродромот во главниот град на Етиопија, Адис Абеба. Во несреќата загинаа 157 патници и членови на екипажот на авионот. Авиокомпанијата соопшти дека како мерка на претпазливост ги приземјила четирите преостанати авиони „Боинг 737 Макс 8“.

Истрагата на причините за вчерашната несреќа е во тек.  Покрај националниот авиопревозник на Етиопија забрана за летање на релативно новиот модел на авиони на американската компанија Боинг воведе и кинеските авиосообраќајни власти. Тие упатија на тоа дека ова е веќе втора насреќа за кратко време на авион од ваков тип. Имено при уривањето на „Боингот 737 Макс 8“ на индонезиската компанија Лајон Ер во октомври минатата година загинаа 189 лица. Кај двете несреќи има определени сличности соопштија кинеските власти.

Ethiopian Airlines Boeing 737
Фотографија: Imago/Aviation-Stock

Во меѓувреме, Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти дека Обединетите нации и нивните агенции денеска ги соушптаат знамињата на половина копје по информациите дека 19 вработени во организации поврзани со ОН загинале во несреќата на етипшскиот авион. Во соопштението се наведува дека меѓу тие организации се Светска банка, Меѓународната унија за телеомуникации, Програмата на ОН за животна средина и други.

Infografik Karte Flugzeugabsturz Äthiopien EN

Во падот на авионот загина и Германката Ан-Катрин Фајгл, вработена токму во ИОМ, беше нведено во соопштението.

Според извештаите во авионот имало патници од 35 земји. Некои од нив летале на самитот на ОН посветен на животната средина, кој денеска почнува во кенискиот главен град, Најроби.