1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови земјотреси со послаб интензитет ја потресоа Македонија

СН/агенции
11 ноември 2020

Македонските граѓани рано утрината беа вознемирени од земјотрес, со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала. Потресот најсилно бил почувствуван во Гостивар и во Маврово. Попладнево се случи нов со послаба јачина

https://p.dw.com/p/3l7oE
Erdbeben Seismograf Symbolbild
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Yeh

Уште два земјотреси со послаб интензитет од утринскиот попладнево ја погодија Северна Македонија. Граѓаните почуствуваа тресење на тлото во 14:57 часот, и подоцна повторно во 15:25 часот. Според светските сеизмолошки станици, првиот земјотрес бил со јачина од 2,7 степени, а вториот со силина од 4,8 степени. Епицентар на послабиот бил во околината на Гостивар, а на вториот во Центар Жупа, во дебарско.  
Претходно, земјотрес со локална јачина од пет степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 4 часот и 54 минути, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 50 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најмногу се почувствувал во Гостивар и во Маврово со 5 степени според европската макросеизмичка скала, во Тетово и во Скопје со 4, а во Битола, Прилеп и во околината со 3 степени.

Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствувал и во Албанија. 

Повеќе:

-Колкав е ризикот од катастрофи во Македонија?

-Ни радонот ни животните не предвидуваат земјотрес

-Црниот сеизмички појас- голема опасност за Скопје

Околу 6 часот и 23 минути е почувствуван уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтершок по првиот удар.

Досега не се регистрирани  материјални штети или повредени во потресот.