1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австриски војници наскоро во Македонија и во Србија?

СН/со/дс6 февруари 2016

Поради бегалскиот бран, кој не стивнува, Австрија најави дека би можела да испрати свои војници во Македонија и во Србија, јавуваат медиумите на германски јазик.

https://p.dw.com/p/1Hqn6
Фотографија: DW/P. Zafiropoulos

Грција конечно мора подобро да ја обезбеди својата граница со Турција, а ако не го стори тоа, „ќе пронајдеме други начини“, порача австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во петокот за време на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана во Амстердам, пишува „Шпигел Онлајн“. Курц на состанокот, додава овој портал, накратко појасни и како би изгледале „другите начини“: „Постои силна подготвеност во Македонија и во другите држави „да се намали приливот на бегалци, да се ослабне или дури и да се запре“, рече Курц.

Заедничка полициско-воена акција заради сузбивање на бегалскиот бран

„Шпигел Онлајн“ пишува оти Виена таа „подготвеност“ очигледано сака да ја „искористи- доколку тоа биде потребно- да испрати војници во тие балкански земји за да ги осигураат границите и да ги регистрираат бегалците. „Ако Грција не сака да прифати помош, Македонија и другите земји се подготвени да го сторат тоа“, рече Курц. Како друга земја подготвена на тоа Курц ја наведе Србија. Можни се, рече тој, три варијанти: соработка со цела ЕУ, коалиција на државите кои се посебно погодени или билатерални договори.“

Австрискиот весник „Дер Стандард“ пишува оти оваа иницијатива во Амстердам ја упатиле Себастијан Курц и новиот министер за одбрана на Австрија Петер Доскозил, појаснувајќи дека нивниот предлог се однесува на заедничка полициско-воена акција во Македонија и во Србија. „Тука постои итна потреба за делување“, го образложи Доскозил својот предлог. Бидејќи усвоените мерки за осигурување на надворешните граници на ЕУ во Грција и воспоставување првични прифатилишта (т.н. хотспотови) не функционираат, истакна Доскозил, мора да се размислува за тоа долж целата Балканска рута да се постават хотспотови и да се ангажираат војници за осигурување на границите“, пишува „Дер Стандард“ напоменувајќи дека е планирано наредната недела австрискиот министер за надворешни работи поради тоа да отиде во посета во сите тие балкански држави.

Griechenland Mazedonien Grenze Flüchtlinge
Фотографија: DW/P. Zafiropoulos

Се закнува дестабилизација на Балкан „за миг“

„Целта мора да биде јасна“, рече Курц, „пристигнуваат премногу бегалци“ и нивниот прилив мора значително да се намали или дури и да запре. Тој првпат стави до знаење дека Австрија би можела навистина да ги затвори своите граници: Доколку не се најде решение на грчко-турската граница, тогаш тоа мора да се пронајде на друга граница. Во најлош случај решение мора да се најде на австриската граница“, ги пренесува „Дер Стандард“ зборовите на австрискиот шеф на дипломатија. „Шпигел Онлајн“ пишува дека оваа изјава на Курц во Атина и во главните градови на балканските земји би можела да биде сфатена како предупредување. „Бидејќи, запирањето на бегалскиот бран кој се очекува во тој случај има потенцијал, посебно малите земји како Словенија, Црна Гора или Босна и Херцговина, да ги дестабилизира „за миг“, предупредува „Шпигел Онлајн“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема