1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џорџ Буш на гости кај Ангела Меркел

14 јули 2006

Американскиот претседател Џорџ Буш е на гости во Германија, и тоа во Источна Германија. Канцеларката Меркел имено го покани Џорџ Буш во нејзината политичка татковина, во Мекленбург Предна Померанија, за претседателот самиот да добие увид за состојбата во новите германски покраини. Буш ја прифати поканата, имено тие добро се разбираат.

https://p.dw.com/p/AdVX
Буш и Меркел
Буш и МеркелФотографија: AP

Радоста околу печената дива свиња Ангела Меркел и Џорџ Буш не можеа да ја сокријат. Имено вчерашната вечерна скара беше тема на разговор и во текот на денот, а за тоа се шегуваше и германската канцеларка.

Но пред заедничката скара на Ангела Меркел и американскиот претседател Џорџ Буш во селцето Тринвилерсхаген, денот беше исполнет со настапи во јавноста а се водеа политички разговори.

Меркел го пречека Буш во Штралзунд, следуваа прегрнувања, бакнежи и вообичаените комплименти на Буш „Од овој регион доаѓа прекрасна канцеларка и горд сум, што можам да кажам дека Ангела Меркел ми е пријателка. Таа е подготвена да донесува тешки одлуки и положува голема вредност на партнерствата. И како и многумина други од меѓународната заедница имам голем респект кон неа.“

Но и Ангела Меркел на американскиот претседател му сигнализираше дека германско американското пријателство и лежи на срце „Знаеме дека треба многу да им се заблагодариме на Соединетите Американски држави, што денеска живееме во мир и слобода и обдинета Германија.“

По размената на пријателските зборови, почнаа политичките преговори на Буш и Меркел покрај Блискиот исток тема на разговор беше и Техеран, кој сеуште не одговорил на пакетот понуди на меѓународната заедница „Вратата за преговори не е затворена. Но Иран мора да знае дека оние кои ја поднесоа понудата имаат и воља заеднички да агираат, и тоа јасно.да го покажат преку резолуција на Советот за Безбедност.“

Американскиот претседател се заблагоради кај Меркел за поддршката за Иран „Важно е Европа да зборува во еден глас. Важно за мене, за Ангела, е да соработуваме со Русија. Мора да го охрабриме Владимир Путин заедно со нас да настапи против Иран и јасно да се покаже дека не се шегуваме.“