1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џеф Безос објави дека е уценуван

ЕМФ / дв
8 февруари 2019

Во прв ред се работи за судир помеѓу бизнисмен и медиум. Но, случајот на шефот на Амазон, Џеф Безос и Нешнал Енквајерер има повеќе нивоа, во кои улога игра и претседателот на САД.

https://p.dw.com/p/3D1EW
Jeff Bezos - Amazon Gründer
Фотографија: picture-alliance/AP/S. Walsh

На почетокот на годинава беше објавено дека Џеф Безос и сопругата се разделуваат по 25 години брак. За тоа известија медиумите ширум светот. Безос е најбогатиот човек на светот. Во неговиот развод во игра се милијарди долари.

Булеварскиот магазин „Нешнал Енквајерер“ прво пишуваше за љубовна афера на шефот на Амазон. Притоа, списанието објави и текстови на интимни пораки и фотографии. Безос потоа побара истрага за тоа како весникот дошол до овој материјал. Откако издавачот на ова барање реагирал најверојатно со обид за уцена, Безос сега тоа го обелодени јавно.

Jeff Bezos und Ehefrau MacKenzie
За разводот на Џеф Безос од сопругата Мекензи (во црвен фустан) јавија медиумите ширум светотФотографија: picture-alliance/dpa/H. Boesl

Издавачот на „Нешнал Енквајерер“, American Media Inc (AMI), се заканил дека ќе објави негови непристојни фотографии, вели 55-годишниот Безос во блог објавен на веб-страницата Medium.com. Но, наместо да капитулира пред уцената од списанието, тој повеќе би сакал да се впушти во ризик, пишува Безос.

Според него, весникот со својата уцена реагирал на истрагата која тој ја побарал по објавувањето на првите пораки и фотографии од страна на Енквајерер. Безос сакал да дознае како списанието стигнало до тој материјал, пишува основачот на Амазон. Потоа, посредници на шефот на издавачката куќа Дејвид Пикер од него побарале тоа да го запре.

Bildkombo: Jeff Bezos - Donald Trump
Доналд Трамп на Твитер е постојано критички настроен кон БезосФотографија: picture-alliance/dpa/M. Nelson/B. von Jutrczenka

Пикер е добар познаник со американскиот претседател Доналд Трамп. На крајот на минатата година неговата издавачка куќа беше во насловите на светските медиуми кога тој мораше да признае дека плаќал високи износи за приказни за аферите на Трамп со жени, кои потоа не биле објавени, пракса која во САД е позната како „фати и убиј“. Издавачката куќа јавно призна дека ваква постапка имало во случајот со истрагата против поранешниот адвокат на американскиот претседател, Мајкл Коен.

Трамп е од оние луѓе кои го сметаат за „свој непријател“ поради издавачкиот ангажман, тврди Безос во блогот. Безос во 2013 година го презеде Вашингтон пост. Иако тоа ги искомплицирало работите, тој не се кае „ни малку“, тврди Безос. Вашинготн пост, како што тврди тој, е „критичка институција“ со „критичка мисија“.