1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

240608 Afghanistan Bundeswehr

Бернд Греслер24 јуни 2008

Германскиот министер за одбрана Јунг побара зголемување на мисијата на Бундесверор во Авганистан - и тоа за 100 војници. Парламентот наесен треба да донесе одлука за продолжување на сегашната мисија и за новото барање.

https://p.dw.com/p/EPyK
Франц Јозеф ЈунгФотографија: AP

Пред почетокот на летната пауза во германскиот Бундестаг, како и што се очекуваше министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг побара засилување на мисијата на Бундесверот во Авганистан. Зголемувањето на воениот контингент кој дејствува во рамките на меѓународните ИСАФ трупи е потребен за пофлексибилно да се реагира на предизвиците во регионот, аргументираше Јунг.

"Барањето е во согласност со воените препораки од армискиот генерален инспектор, поради што сакаме сегашниот број на војници од 3500 да го зголемиме на 4500“.

Бундестагот ќе решава наесен

Најновото барање Бундестагот ќе разгледува наесен, кога истекува и мандатот на сегашната мисија. Одлуката би важела до парламентарните избори кои во Германија треба да се одржат во 2009-та година. Како што стојат работите со новото барање на Јунг, се согласни и владините и опозиционите партии, секако со исклучок на левицата којашто е категорично против ваквиот ангажман на Бундесверот. Како што соопшти министерот целта е војниците повеќе да се ангажираат во цивилната изградба на Авганистан. Бундесверот сака за три пати да ја зголеми обуката на локалната авганистанска војска, заедно со Франција во Кабул да се изгради школа за логистика, како и да ги замени војниците на останатите нации кои се ангажирани на западот или југот на земјата, изјави Јунг. Исто така се потребни повеќе војници кои ќе помогнат за одржување на изборите во Авганистан закажани за 2009-та година. Исто така од први јули Германија ги презема и силите за брза интервенција во рамките на ИСАФ во кои до сега беа норвешки војници.

Jalal Abad Afghanistan Straßenbau
Цивилната изградба на Авганистан е приоритетФотографија: AP