Јужен Судан стои пред „мега криза“
26 јули 2014Советот за безбедност на ОН смета дека кризата со прехранбени производи во Јужен Судан е „најлошата во светот“. Во одлуката одобрена од сите 15 членки на Советот за безбедност се вели дека постои опасност поради конфликтот меѓу владините трупи и бунтовниците во Јужен Судан, оваа криза да прерасне во криза со глад. Земјата стоела пред „мега криза“, смета канцеларијата на ОН за координација на итна помош во Њујорк.
Советот за безбедност апелираа и до земјите-донатори, кои во мај годинава во Осло ветија повеќе од 618 милиони долари (460 милиони евра) за Јужен Судан, да ги исполнат ветувањата и да ја зголемат помошта. Страните во конфктот се повикани да ги заштитат цивилите, посебно жените и децата и да не ја попречуваат хуманитарната помош.
Непомирливи?
Во друга одлука Советот за безбедност на ОН регистрира дека нема доволно напредок во напорите за мир и помирување во Јужен Судан. Страните во конфликтот би требало веднаш да го запрат непријателството и да започнат преговори. Нападите врз цивилите или војниците на ОН би можеле да се сметаат за воени злосторства. Во борбите изминатите месеци се убиени илјадници луѓе.
Конфлиткот меѓу владините трупи и бунтовниците кој ескалираше минатиот декември, беше едена од причините на кризата со прехранбени производи во Јужен Судан.
Бројот на луѓето кои стратаат од глад, според ОН, во август би можел да се зголеми на четири милиони. УНИЦЕФ, пак, смета дека десетици илјади деца уште сега мораат да живеат од она што ќе го најдат во природата.