1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јаху го тужи Фејсбук

13 март 2012

Во сржта на спорот меѓу интернет пионерот Јаху и најголемата социјална мрежа во светот- Фејсбук се наводно злоупотребените авторски права за патенти.

https://p.dw.com/p/14JkF
Фотографија: dapd

Интернет концернот Јаху покрена тужба против Фејсбук пред судот во американската сојузна држава Калифорнија, обвинувајќи ја социјалната мрежа дека прекршила авторски права за десет патенти во нејзина сопственост . Во тужбата на 19 страници се тврди дека Фејсбук прекршил авторски права за патентите во неколку области, како што е рекламиррањето, заштитата на личните податоци и праќањето пораки.

Своите забелешки Јаху прв пат ги изнесе во февруари, на неколку месеци пред понудата за продавање на акциите на Фејсбук.
„Њујорк тајмс“ тогаш напиша дека Јаху има намера да го тужи Фејсбук во случај да одбие доброволно да ја плати компензацијата.

Themenbild Facebook

Се бара отштета- износот непознат

Во тужбата, поднесена пред Окружниот суд во калифорнискиот град Сан Хозе, компанијата Јаху се наведува дека целиот модел на социјалната мрежа Фејсбук, што на корисниците им овозможува да формираат свои профили и да контактираат со други лица и компании е заснован на технологии што ги патентира Јаху

Тужителите бараат надомест на штета, чиј износ, меѓутоа, не го наведуваат.
Фејсбук, компанијата која минатата година оствари чиста заработка од приближно милијарда долари, засега не ја коментира тужбата, освен што портпаролот Џонатан Тоу изјави дека за неа дознал од медиумите.

Автор:АМ/СН/ап/миа

Редактор: С.Недевски