1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓорѓе Иванов стана заштитник на ЕАНУ

3 март 2012

Македонскиот претседател истакна дека неговото назначување за заштитник на Европската академија преставува јасно признание за Македонија и македонскиот народ.

https://p.dw.com/p/14ERq
Претседателот на Македонија Ѓорѓе ИвановФотографија: Petr Stojanovski

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов денеска (03.03.2012) во Салцбург, Австрија беше инаугуриран за протектор на Европската академија на науки и уметности (ЕАНУ).

Обраќајќи се пред присутните професори, научици, членови на Сенатот и почесните гости на 22-та пленарна сесија на ЕАНУ во амфитеатарот на Универзитетот во Салцбург, претседателот Иванов истакна дека неговото назначување за заштитник на Европската академија преставува голема чест, и не само лична афирмација за него, туку и јасно признание за Република Македонија и македонскиот народ.

„Ние сме Европа“

„Ја претстaвувам Македонија, млада европска земја, татковина на еден стар европски народ кој се’ уште се обидува да се интегира во европското семјество на народи. Со гордост можам да кажам дека во академска, научна, образовна и културна смисла, ние сме Европа. Можеме и сакаме да ги споделиме нашите вредности, знаења и вештини со членовите на ова прогресивно семејство. Со нетрпение очекувам да го видам денот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Како членка со исти права и обврски, ние ќе ги исполниме соништата на многу генерации“, рече Иванов.

NO FLASH Mazedonien EU Flagge
Фотографија: AP

Тој укажа на реалноста во која живее Европа денес, соочувајќи се со многу предизвици во поглед на нејзината економија, управување и одговорност, време во кое европските вредности и начела се доведени во прашање.

„Силно верувам дека интелектуалната улога на Европскката академија е да бара одговори и да предлага мудри решенија на овие прашања. Оттука, мора да го дадеме најдоброто од нас и да ја поддржиме Академијата во исполнувањето на таа важна задача. Со цел да го постигнеме тоа, наша заедничка должност е да создадеме иднина за младите и млади за иднината. Јас го правам тоа, како претседател и професор, како политиколог и активен политичар, како Македонец и Европеец“, македонскиот претседател.

Престижна титула

Иванов уште еднаш го повтори неговото мото и визијата за неостварливоста на европскиот мир без балканскиот мир, притоа изразувајќи уверување дека токму преку балканскиот мир ќе биде постигнат мирот во Европа.

Со почесната титула претседателот Иванов се приклучува кон групата заштитници на престижната континентална академска институција во која уште патрони се претседателите на Австрија, Русија, Словачка, Словенија, Грција и на Швајцарската Конфедерација - Хајнц Фишер, Владимир Путин, Иван Гашпарович, Данило Тирк, Каролос Папуљас, Дорис Лојтхарт, како и суверените на Шпанија, Белгија и на Луксембург. Почесни сенатори на оваа академска институција се голем број актуелни и поранешни шефови на држави и влади и други високи функционери и видни јавни личности.

Автор: СН/ АТ/ миа/ мф

Редактор: А.Трајковска