Штојбер останува неприкосновен лидер на ЦСУ
9 јануари 2007На вонредниот состанок на претседателството на ЦДУ ,свикан од страна на Штојбер неговите членови едногласно оодлучија 65-годишниот политичар и по наредните покраински избори во Баварија за една и пол година да ја извршува двојната функција како партиски шеф и премиер на покраината.
Пораката од првиот ден на тридневниот состанок во Вилдбад Кројт е дека Штојбер е и останува број еден за Христијанско Социјалната Унија , како премиер и партиски лидер . Тој со благодарност ја прифати подршката која ја доби од претседателството на ЦСУ:
„Преземам одговорност за лидерството , бидејќи имам уште некои работи пред себе. Баварија е еден од водечките региони во Германија и во Европа . Овој успех треба се разбира и да се осигура и јас ќе придонесам кон тоа“
Штојбер е веќе 13 години на чело на покраината Баварија , односно има најдолг стаж на функцијата покраински премиер во Германија.
Инаку дискусијата за лидерската улога на Штојбер во ЦСУ ја распламти Габриеле Паули , пратеничка во покраинскиот парламент во Баварија.
И по гласањето на врвот на ЦСУ и обновената подршка за Штојбер , таа и натаму опстојува на својата критика кон партискиот шеф и бара од него да се откаже од кандидатурата за покраински премиер на изборите во 2008-ма година , со оглед на лошите резултати за Штојбер во испитувањата на јавното мислење.